Леброн го мотивираше Мајами

Кралот Џејмс не беше задоволен на полувремето од петтиот натпревар кога неговиот тим губеше со 4 разлика од Индијана, па реши да ги мотивира своите соиграчи.

По краткиот мотивационен говор, тој го предводеше својот тим кој во третиот период се претстави во едно поинакво светло и оваа четвртина ја доби со 30:13. Само Леброн во овој период постигна 16 поени, а на крајот тој имаше учинок од 30 поени.

Мајами победи со 90:79 и повед со 3:2 во финалето на источната конференција. Следниот натпревар се игра ноќта помеѓу сабота и недела во Индијанаполис.

Најобрите потези од натпреварот:

 

31 мај 2013 - 10:10