
Домаќините многу брзо уште во 8 минута го отворија резултатот откако младиот Геце кој веќе го договори трансферот во Баерн Минхен центрираше од левата страна, а на вистинското место се најде Левандовски кој погоди за 1:0.
На само 3 минути до крајот на првиот дел, Кралевите ја вратија неизвеснота откако Хумелс реагираше невнимателно во одбраната и му ја подари топката на Кристијано Роналдо кој пред паузата го израмни резултатот.
Второто полувреме почна онака како што посакуваше домаќинот и по неуспешната офсајд стапица на гостите, Левандовски се најде сам пред голот на Лопез и зголеми на 2:1. Полскиот напаѓач имаше своја вечер пред домашните 80 000 навивачи, го измами Пепе и во 55 минута постигна хет трик.
Ѕвездите на Реал Мадрид немаа одговор за екипата која е единствената без пораз оваа сезона во Лигата на шампионите и во 66 минута полскиот напаѓач го постигна и својот четврти гол.