Лејкерси ќе плаќаат за „луксузот“

НБА лигата ја одреди сумата на селари капот кој за сезоната 2013/14 ќе изнесува 58,7 милиони долари, а минатата сезона најмногу над лимитот за плати преминале ЛА Лејкерс кои ќе треба да платат дополнителен данок од скоро 30 милиони долари.

Новиот лимит за плати во НБА лигата е зголемен од 58,044 на 58,679 милиони долари, а тимовите ќе плаќаат поголеми казни за надминување на истиот. Минатата сезона клубовите плаќаа по 1 долар за секој долар надминат, но од оваа сезона казната стартува од 1,5 долари за секој надминат долар и ќе се зголемува според надминатата сума.

Лимитот од минатата сезона најмногу го надминале ЛА Лејкерс и тие ќе треба да платат 29,259 милиони долари за „луксузна такса".

Освен нив, данокот на луксуз ќе го платат уште 5 екипи кои го надминале лимитот: Мајами (13,34), Њу Џерси (12,88), Њујорк (9,96), Чикаго (3,93) и Бостон (1,1 милиони долари).

10 јули 2013 - 10:35