- 28 годишна мајка го фрлила своетов новороденче од прозорец бидејќи не сакала бебето да ѝ пречи во кариерата.
- Се вика Катарина Јовановиќ, живее во Германија, била извршен директор во правниот оддел на Порше и за монструозниот злостор е осудена на седум и пол години затвор.
- Бебето го родила тајно, никој во нејзината околина не забележал дека е трудна. На судењето рекла дека и самата не знаела дека е бремена и дека кога се породила, тоа и за неа било изненадување.
- Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешното рочиште рече дека не смета дека постои основ за негово изземање, откако Обвинителството откри дека е обвинет за давање лажен исказ во друг предмет.
- Рекол дека за обвинението против него 2 години немало рочиште.
- Русески остана на ставот дека од градежен аспект објектот одговорил на својата намена и дека изведените зафати претставувале „градежно-занаетчиски работи“. Овој вештак го изработи градежното вештачење за одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов и за двајца други обвинети.
- Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката Пулс, остро реагираа на изнесените тврдења во судницата од страна на вештакот на одбраната и на минатото рочиште. Александар Наунов, во изјава за медиумите на паузата од минатото рочиште, истакна дека “изведените градежни зафати не може да се третираат како обични занаетчиски работи со цел да се избегне одговорноста за градење без одобрение”, потенцирајќи дека судскиот процес “не е само за градежни конструкции, туку за безбедноста, одговорноста и загубените човечки животи”.
- Илон Маск објави дека во 2027 година ќе подари по една од своите акции во SpaceX на секое дете во Америка.
- Според Бирото за попис, во САД има нешто повеќе од 72 милиони лица помлади од 18 години.
- Ако под поимот „дете“ подразбира малолетник, Маск ќе подари околу 10,5 милијарди долари, сметајќи според актуелната цена на акциите на SpaceX од 146 долари.
- Маск лично поседува 6,4 милијарди акции на SpaceX.
- Неговото ветување се надоврзува на иницијативата Trump Accounts, со која администрацијата на Трамп најави дека ќе им отвори инвестициски сметки на сите деца во САД, со почетен влог од 1.000 долари за оние родени помеѓу 2025 и 2028 година.
- А, пред само еден ден во статијата „Маск печали и од сопствената добротворна фондација“ објавивме колку Маск ја презира и ја злоупотребува филантропијата.