колумна

Финалето од мој агол

Кога ќе стигнете на Вембли, одма се осеќа духот кој овој стадион го има. Како да знаеш дека влагаш на место кое има историја од 100 години неверојатни утакмици. Сум акал по многу стадиони у светов, ама ретко да осетиш таква енергија како овде.

Пишува: Таки Бошкоски

Кога другарчето задужено да набави карти за финале на Лига на Шампиони се јави да ми потврди дека ќе можеме да ги купиме, голем камен ми падна од срце искрено. Лани у Минхен скинав љунфер, ама кога еднаш ќе се навлечеш на тоа нема бегање... а и не се гледа секоја година утакмица на Вембли. Башка со Лондон имам некоја посебна конекција, посебно што се фудбал и провод тиче.

У Лондон стигнавме еден ден пред утакмица и одма се фативме за работа да одбереме за кого ќе навиваме. Освен Валтер, кој моето поштовање чесно го има заработено, Шваби не ми се ама никако по ќеиф, за мене тоа беше екстремно тешка мисија. Богу фала, у хотел у руки ми падна една копија од Индепендент кој на сите неутрални навијачи им разглоби у една опсежна, а ла Ивко Панговски анализа, зашто треба да навијаат за Борусија Дортмунд. Јеби га, пошто немав намера да навлагам у егзитенцијално самоспознавање, а и девојчињата у Лондон многу убави, реков дека ќе го послушам Индепендент и ќе навијам за момците у жуто. Како изгорен Вардарец, тука морав на вага да го ставам и пријателството со Шалке 04 и нивното непријателство со овие у Лондон, али ебем ли га...шта је, ту је.

Педантните Енглези израчунале пред утакмица дека у градот за време на утакмицата ќе им дојдат 180.000 Шваби без разлика на тоа дали имаат карта или не...Задњи пут кога у толкава бројка сакаа да доаѓаат не беа баш толку љубазни. У секој случај, у текот на денот на утакмица сватив и дека изборот на Индепендент е потполно у реду, пошто у целата предигра Борусија излезе далеку покреативна екипа, а и шефот им е некако покул...За време на шетњата у град ни поделија флаери на кои поред лондонска телефонска говорница имаше лежалка за плажа покриена со пешкир од Борусија Дортмунд (иначе како што ние се подјебаваме со Германците дека носат чорап на сандала, така енглезите ги ругаат дека се будат сабајле на Мајорка да зафатат лежалки на плажа) и текст прикладен на приликата: ¨Се надевавте на финале со англсики екипи или барем стадион полн со згодни шпањолки, а уместо тоа ги добивте Швабите. Уживајте. 1:0 пред утакмица за жуто-црните.

Она што мора да се земе у предвид е и целиот концепт на функционирање на Дортмунд, кој се базира на производство на свои или купување на евтини фудбалери и работа на нивниот развој, за разлика од Баерн кои силеџиски и само затоа што имаат пари ги купуваат најдобрите фудбалери од цела Германија укључувајќи ги тука и оние од Дортмунд. 2:0 за Дортмунд....

Кога ќе стигнете на Вембли, одма се осеќа духот кој овој стадион го има. Како да знаеш дека влагаш на место кое има историја од 100 години неверојатни утакмици. Сум акал по многу стадиони у светов, ама ретко да осетиш таква енергија како што се осеќа овде. Башка културна работа. За разлика од како тоа функционира у Македонија, таму полицијата љубазна, никој не те малтретира а и чак на влез на стадион никој не ни покушава да те претресе да најде упаљач или ситни парички у случај да си се спремал за Светско Првенство у пикадо или за стрелачки дисциплини на Олимпијада, па да не погодиш некој играч или судија од 156 метри далечина.

Пред утакмица, УЕФА напраи занимљиво историско шоу кое навијачите на Дортмунд го испратија со свирежи пошто овие не им дозволиле да си ја реализираат својата кореографија. На другата страна, иако навијачите на Баерн се обврзале у знак на солидарност исто така да не ја направат својата, сепак педерски си ја подигнаа како што си ја имаа припремено со што уште толку ги изреволтираа овие од Дортмунд. 3:0, а не ни почнале да играат. Во целата приказна мора и да бидеме искрени, мора да се стаи рука на срце и да се признае дека беше прилично очигледно дека голем дел од омразата доаѓа и затоа што Баерн е најуспешен клуб во Германија, па добив и некаков впечаток дека зависта си го праи своето.

 

Од фудбалски аспект утакмицата беше невероватна. Стварно не се сеќавам кога последен пат у живо сум глеал фудбал на такво ниво, а богами не сум сигурен ни дека ќе гледам. Иако Борусија со поише желба и мотиви ја отвори утакмицата, на полувреме веќе беше некако јасно дека Баерн играчки е подобра екипа и ќе треба и нешто повеќе од добра игра за да се победат...За издвојување е еден момент, кога еден дечко што седеше до мене возбуден од пеналот свирнат за Борусија, ми го преврте кафето (среќа ладно) кое заврши у коса на една госпоѓа која седеше пред мене. Културно се извинивме и двајцата, ама пошто гореспоментата навиваше за Баерн под мустаќ се смеевме до крајот на утакмица. Кога Робен го постигна вториот гол за Минхен, некако искрено делуеше како Божја правда за се она што дечкото прошлата сезона го заеба, па и можев да го прифатам иако на тешко срце. У прославата што следеше на трибината на Минхен изби права еуфорија, ама поучени од Минхен прошлата година џомнавме од стадион да ги избегнеме гужвите и да уживаме у убавините на ноќниот живот у Лондон. Искрено не ни видов кој го дигна пехарот, али затоа помислив како тоа Џердан Шаќири, репрезентативец на Швајцарија, титулата ја прослави со знаме на Косово...јеби га, проблем је очито универзални.

Наредната година финалето е у Лисабон. На враќање од фри-шоп на аеродром купив една флаша добар коњак за дечково што ни учинува за картите. Ипак сум ја скопска школа. Уште од сега морам да правам терен.