Тренерот на Перо Антиќ уапсен за пијано возење

Перо Антиќ ќе има весело друштво во НБА. Тренерот на Атланта Хоукс, Мајк Баденхолзер е уапсен заради возење под дејство на алкохол.

Мајк Баденхолзер бил сопрен во Атланта затоа што не му работеле светлата на неговото Ауди А8, по што полицаецот забележал дека тој е во алкохолизирана состојба.

Тренерот на Атланта не сакал да направи тест за алкохол, па веднаш бил уапсен. Во полициската станица по неколку часа му бил земен примерок на крв кој покажал дека нивото на алкохол е под дозволената граница.

Баденхолзер бил пуштен од затвор откако платил кауција од 1.524 долари.

Обновено:

Преку својот акаунт на Мајспејс, Перо Антиќ ја објави фотографијата на која тој заедно со Мекејлеб и Илиевски го молат тренерот Мајк Баденхолзер да си го среди проблемот со пиењето.

30 август 2013 - 11:46