Тимот на Грег Поповиќ пропушти огромна можност за да стигне до петтата шампонска титула во најквалитетното кошаркарско натпреварување. Спарси уште по првата четвртина водеа со 25:17, а предноста ја одржуваа речиси во текот на целиот меч.
Гостите влегоа со предност од 10 поени во последната четвртина, но тогаш на сцена стапи незапирливиот Леброн Џејмс, по што следеше серија на кошаркарите на Мајами кои мечот го донесоа до драматичен финиш.
На 25 секунди до крајот Сан Антонио имаше предност од 5 поени разлика, но Џинобили и Леонард ги промашија клучните слободни фрлања за недостижно водство. На 5 секунди до крајот јунакот Реј Ален погоди тројка за продолженија во кои домаќинте ја обезбедија победата.
Леброн Џејмс блесна со нов трипл дабл од 32 поени, 10 скокови и 11 асистенции, Марио Чалмер постигна 20 коша, а кај Спарси одлична партија имаше Тим Данкан со 30 коша и 17 скокови, а 25 од нив ги постигна во првото полувреме.
Мајами Хит ќе се обиде да ја одбрани титулата пред своја публика во четврток вечер.