Баварците беа надмоќни во текот на целиот натрпревар и со двата гола на Милер и по еден на Гомез и Робен заслужено славеа со 4:0. Натпревар го отвори Томас Милер во 24 минута откако по нафрлениот центар шут на Робен, Данте со глава го проигра напаѓачот на Баварците кој го матираше Валдез.
На самиот старт од второто полувреме домаќините уште во 49 минута го зголемија водството откако Милер го пронајде Гомез кој беше осамен на втората статива, но постигна гол од сомнителна офсајт ситуација.
Составот на Виланова никако не успеваше да фати ритам и да ја прикаже препознатливата игра, а водстовото на домаќините можеше да биде уште поголемо, доколку судијата покаеше од белата точка по двете проиграрувања со рака во шеснаесетникот на Санчез и Пике.
На околу 15 минути до крајот на мечот брзиот Робен одлично се проби по десната страна се ослободи од својот чувар и зголеми на 3:0, а во 82 минута стигна уште шок за Барселона откако Милер влета во шеснаесетникот и доби употреблива топка за конечни 4:0.