Во хотелот на Горан Пандев, изграден со негови пари
На гости кај нашата најголема фудбалска легенда беше Филе кој благодарение на Горан има влезено во тренинг базата на Лацио. Зошто ги споменавме парите уште во наслов? Затоа што поентата на водителот е на место. За инвестирањето на Пандев во родната Струмица кое после академија, терени и прв тим, на ред дојде и хотел, ниту добива помош од некој во Македонија, нигу го ослободуваат од данок. Скромен како и секогаш вели: „Ми беше ќеиф, тоа го направив од срце, за мојата фамилија и за македонскиот спорт“. Ќе има и музеј и фан шоп Горан Пандев. Првите дресови се веќе поставени.