Химната на Лигата на шампиони не е певлива затоа што има текст на 3 јазици, не е оригинална затоа што е инспирирана од дело напишано пред 300 години и никогаш не била ни ден на некоја Топ 100 музичка листа, но сепак и по 21 година откако е напишана, таа е една од најпознатите спортски песни на светот.
Песната која име едноставно име „Лига на шампиони" е компонирана во 1992-та година од страна на Тони Бритен. Тој предложил неколку класични дела, а челниците на маркетинг компанијата која била најмена од УЕФА ја избрале "Zadok the Priest" од Хендл.
Текстот е напишан на англиски, француски и германски - трите официјални јазици на УЕФА и химната го имала своето деби во 1992-та година.
21 година подоцна, оваа песна е нераскинлив дел од Лигата на шампионите. Една студија на УЕФА покажува дека дури 98% од испитаниците во Европа ја препознаваат оваа композиција која буди чувства кај фудбалерите, тренерите и навивачите.
Голманот Џиџи Буфон има изјавено дека кога Јувентус не играше две сезони во Лигата на шампиони, химната била една од работите која најмногу му недостигала и му било криво кога ја слушал додека седел на кауч и ги гледал натпреварите на ТВ.
Химната на Лигата на шампиони стана до толку популарна што една невеста го изненади младоженецот со оваа композиција за време на нивната венчавка во црква.
Champions League
Ce sont les meilleures équipes
Es sind die allerbesten Mannschaften
The main event
Die Meister
Die Besten
Les grandes équipes
The champions
Une grande réunion
Eine grosse sportliche Veranstaltung
The main event
Die Meister
Die Besten
Les grandes équipes
The champions
Ils sont les meilleurs
Sie sind die Besten
These are the champions
Die Meister
Die Besten
Les grandes équipes
The champions