Лигата на шампионите може да започне

Далечинскиот управувач во едната рака, пивото во другата. Најелитниот клупски европски фудбал кој секогаш со душа го чекаме стартува вечерва со осум натпревари. Највозбудливо се очекува да биде во Истанбул каде Реал Мадрид го чека пеколна атмосфера од темпераментните турски навивачи.

Најинтересните факти за дуелот Реал мадрид - Галатасарај:

-Овие два клуба до сега се сретнале два пати во Лигата на шампионите и тоа во четвртфиналната фаза минатата сезона и во 2001 година. Интересно е што и во двата наврати турскиот тим славеше со 3:2 на домашен терен, но не отиде понатаму поради поразите од 3:0 на двата меча во Мадрид.

-Единствениот играч кој настапуваше за Кралевите на тие два меча пред 12 години и кој ќе биде во составот и вечерва е Икер Касиљас.

-Реал Мадрид и Галатасарај се сретнаа и на финалниот меч од Европскиот Супер Куп во 2000 година кога Турците триумфираа во продолженијата со 2:1.

-Тројца тогашни фудбалери на Галатасарај сега се дел од стручниот штаб на клубот. Голманот Клаудио Тафарел и играчите од средниот ред Хасан Шаш и Умит Давала.

-Фатих Терим беше сменет на тренерската клупа во Милан во 2001/2002 токму од вечерашниот негов противник Карло Анчелоти.

-Фудбалерите на Галатасарај Весли Снајдер и Хамит Алтинтоп се поранешни играчи на Реал Мадрид. Холанѓанецот настапуваше две сезони почнувајќи од 2007 година и постигна 11 гола, а турскиот фудбалер имаше само 5 настапи во 2011/2012 и постигна еден гол.

-Карло Анчелоти кој вечерва ќе дебитира со својот шести клуб во Лигата на шампионите, со сите претходни екипи Парма, Јувентус, Милан, Челси и ПСЖ имал победнички старт.

-Минатата сезона тимот од Бернабе стартуваше со победа од 3:2 во ова натпреварување и одбележа 6 победи во низа.

-Најдобар стрелец минатата сезона во Лигата на шампионите беше Кристијано Роналдо со 12 постигнати погодоци. Тој има 21 гол на последните 19 меча и вкупно 50 до сега во ова натпреварување.

ГРУПА А 
Манчестер Јунајтед - Баер Леверкузен, Реал Сосиедад - Шахтјор Донецк

ГРУПА Б
Копенхаген - Јувентус, Галатасарај - Реал Мадрид

ГРУПА Ц 
Бенфика - Андерлехт, Олимпијакос - ПСЖ

ГРУПА Д 
Баерн Минхен - ЦСКА Москва, Викторија Плзен - Манчестер Сити

17 септември 2013 - 12:20