Кралевите со операција 3:0

Фудбалерите на Жозе Мурињо треба да го одиграат натпреварот на годината и да блеснат во најдоброто можно издание за да ја анулираат високата предност на Борусија од првиот дуел. Пример треба да им биде Депортиво кој во 2004 година го шокираше Милан.

-По полуфиналниот двобој во 1998 година Реал Мадрид ја елиминираше Борусија со вкупен резултат од 2:0.

-Хауард Веб досега три пати му судел на Реал Мадрид и на сите три меча Кралевите не успеале да постигнат повеќе од 2 гола. Баерн – Реал 2:1 (2012), Милан – Реал 2:2 (2010) и Реал – Вердер 2:1 (2007).

-Реал Мадрид ќе се борат за 13 финале во Лигата на шампионите. Германците последен пат стигнаа до финалето во 1997 година кога беа поуспешни од Јувентус со 3:1.

-Составот на Жозе Мурињо трета година по ред се пласира во полуфиналето. Минатата година беше елиминиран од Баерн Минхен.

-Само еден тим во ова натпреварување успеал да се врати во нокаут фазата по негатива од 4:1. Тоа е Депортиво Ла Коруња, која на реваншот на домашен терен го победи Милан со 4:0.

-Роберт Левандовски ќе остане запаметен како прв фудбалер кој постигнал 4 гола против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

-Погодокот за Кристијано Роналдо на првиот дуел беше јубилеен 50ти гол за него во ова натпреварување.

-За Јурген Клоп ова е прво полуфинале во најелитното клупско натпреварување, а за Мурињо седмо. Португалецот не успел да ја мине оваа фаза 4 пати, а во двата негови пласмани во финалето со Интер и Порто стана шампион.

30 април 2013 - 10:19