Дени Грин и Гери Нил се новите херои на Сан Антонио. Грин постигна 27 поени (7 тројки) за 30 минути, а Нил реализираше 24 поени (6 тројки) за 25 минути игра. Вкупно кошаркарите на Сан Антонио постигнаа 16 тројки што е рекорд за НБА финале.
Спарси го натскокаа Мајами (52:36), а го неутрализираа и Леброн Џејмс кој постигна 15 поени. Двејн Вејд постигна 16 поени, Мајк Милер 15 (5/5 за три поени), а Крис Бош 12 поени.
Мајами само еднаш успеа да дојде до израмнување, а во останатиот дел Спарси доминираа и го зголемуваа водството за на крајот да прослават голема победа од 113:77.
Тим Данкан имаше учинок од 12 поени и 14 скокови, Паркер постигна 6 поени и 8 асистенции, а Џинобили 7 поени.