На 26 мај 1993 година, Олимпим Марсеј и Милан беа екипите кои се судрија во 38 финале од најеминетното клупско европско натпреварување или прво под новиот назив, Лига на Шампиони, а дефанзивецот Базил Боли е стрелецот кое го реши првото финале кое го добија Французите.
Од 93-та година па се до денес Европската куќа на фудбалот повеќе пати го менуваше форматот, проширувајќи го бројот на учесници. Во досегашните 20 финалиња до сега бевме сведоци на 3 судири на клубови од иста земја.
Првото во 2000 година кога Реал Мадрид убедливо славеше против Валенсија со 3:0, потоа на „Олд Трафорд" се одигра италијанската класика Милан Јувентус која заврши без голови, па потоа на пенали беа поуспешни „Росоњерите" со 3:2, и третото е англиското дерби во 2008 година Манчестер Јунајтед – Челси кое заврши 1:1, а по ударите од белата точка на крајот се радуваа Црвените Ѓаволи со резултат 6:5.
Саботниот меч на кој ќе се одбележат точно 20 години од финалето во новиот формат, светскиот спортски аудиториум кој на финалињата е присутен пред малите екрани во бројка поголема од 100 милиони, за прв пат ќе гледа и германско финале.
Саботното финале на „Вембли" ќе го донесе седмиот трофеј на германските екипи во ова натпреварување во кое на прво место е Шпанија со 13 трофеи од кои 9 се на Реал Мадрид кој е прв на листата, Италија и Англија го делат второто место со по 12 европски круни, а од сабота Холандија ќе остане осамена на четвртата позиција со 6 освоени пехари. Ова се разбира се бројки во целата 58 годишна историја на Лигата на шампионите.
Последните 20 години во ерата на „новата" Лига на шампиони финалињата се покажале ефикасни според просекот на постигнати погодоци од 2,5 по натпревар. Во 5 наврати не успеал да погоди тимот кој прв водел, а 6 пати финалињата се решавале на пенали.
Според статистиката последните 15 минути од првото полувреме било одлучувачки за шампионите кои со 14 погодоци во тој период 6 пати станувале прваци.