Лимитот за одредување плати во најквалитетната кошаркарска лига во светот наречен селари кап се одредува секоја година, а за надминувањето во минатата сезона најголема сума за задолжитениот данок на луксуз ќе треба да платат Лејкерси кои ќе треба да издвојат скоро 30 милиони евра.
Но сите екипи во НБА немаат подеднаква финансиска моќ, па така од вкупно 30 тимови дури 6 се покажале како најштедливи или најпретпазливи и успеале да не го надминат лимитот од 2002 година.
-Шарлот Бобкетс (не постои од 2004 година)
-Голден Стејт Вориорс (со нови газди од 2011 година)
-Лос Анџелес Клиперс
-Њу Орлеанс Хорнетс
-Оклахома Сити
-Вашингтон Визардс
Со оглед на успесите кои ги имаат овие екипи ова и не претставува некое изненадување, а од сите тимови само Оклахома успеале да стигнат до конференциско финале во последните 10 години.
Зад овие 6 екипи кои најмногу пазеле како делат плати, се наоѓаат 5 екипи кои во последната деценија платиле најмалку за луксузен данок, а тоа се Милкови Бакс (4,7 милиони долари), Атланта Хокс (4,3 милиони), Чикаго Булс (3,9 милиони), и Детроит Пистонс и Хјустон Рокетс со по 750.000 долари.
Како паралела еве ги 5-те екипи кои платиле најмногу данок од 2002 година:
1. Њујорк Никс – 205,3 милиони долари
2. Далас Маверикс – 150,5 милиони долари
3. Лос Анџелес Лејкерс – 113,6 милиони долари
4. Портланд Треил Блејзерс - 89 милиони долари
5. Бостон Селтик – 47,2 милиони долари