Од 1993 година кога Купот на шампиони смени име и систем на натпреварување, ниту еден клуб не го освоил овој Куп два пати по ред и тоа е единствен случај во светот на спортот.
Фудбалерите на Манчестер Сити во целост ја искористија фаворитската улога и со 1:3 го прегазија Динамо во Украина. На вториот меч вечерва, ПСВ - Атлетико Мадрид без голови.
Македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците за квалификациите за Европското првенство кое се игра во Турција, Израел, Финска и Романија идната година.
Светското првенство во САД веројатно ве потсеќа на асови како Ромарио и Роберто Баџо, но дали ќе се сетитe на напаѓачот кој постигна рекордни 5 гола на еден натпревар?
Сега кога Арсенал е сè поблизу до трофејот по кој очајува 12 години, избунаривме што се случуваше во светот таа 2004-та кога Топџиите никому не оставија шанса во Англија.
Минатата сезона се пресели во Русија, каде стана еден од подобрите стрелци во втората лига и најзаслужен за пласманот на Крилја Советов во руската Премиер лига. За неделникот Футбол зборуваше за војната во Македонија и скандалите со судиите.
Доминацијата на Барселона, сензацијата на Работнички, мизеријата на Македонија, кам бекот на Пандев па се до падот на Блатер и Платини. Листата на важни фудбалски возбудувања кои ги следевме во изминативе 12 месеци е долга. Ја сумиравме во 20 точки.
Неговиот пат лесно може да се каже дека бил трнлив. По раната смрт на татко му Хамлет кој бил познат фудбалер, Хенри ветил самиот на себе дека ќе го продолжи неговото дело.
Европската организација за спречување на криминалното обложување и местење натпревари се сомнева во регуларноста на мечот Скендербег - Локомотив Москва, одигран во ЛЕ на 10 декември.
Бразилскиот репрезентативец Фред е суспендиран на една година, откако паднал на допинг тест во јуни годинава за време на мечот од Копа Америка во Чиле, пренесува Newax.com.
Секоја селекција која се пласираше на Европското ќе добие по 8 милиони евра, а наградниот фонд за турнирот во Франција е далеку поголем од сите претходни.
Кај нас на стадион се грицкаат семки и сончоглед, исто како во Црна Гора, Србија, Бугарија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Гибралтар, Израел, Молдавија, Романија, Русија, Украина, Шпанија.
Поразот на неприкосновениот Владимир Кличко значи и почеток на нова епоха во боксот кој до саботата имаше само еден владетел. Работите ги смени британскиот ром Тајсон Фјури.
Најдобриот словенечки фудбалер во историјата важеше за човек што секогаш ќе го каже тоа што другите не сакаат да го слушнат. Во тоа се уверија Русите среде Москва.
Унгарската фудбалска репрезентација ја победи Норвешка и во реваншот и со вкупен резултат 3-1 се пласираше за првпат на едно Европско првенство по 1972. година кога играа во Белгија.
Во сенка на терористичкиот напад во Париз, во Европа се играат бараж дуелите за пласман на Европското првенство во Франција. Вечерва се игра комшиското дерби меѓу Шведска и Данска, а Данците за оваа прилика направија неколку необични најави на мечот.
Кога Адам Џонсон постигна гол за Сандерленд во неделата против Њукасл, го прослави пред гостинските навивачи, а Телеграф направи забуна за која сега се извинува.
Директорот на стадионот на Динамо Киев го предложи најглупавото можно решение за борба против расизмот. Затоа ќе му направиме место во нашата рубрика каде скоро влезе Маурицио поради тоа што најмногу придонесува во Лацио со жолти и црвени картони.
Откако падна на првиот, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми синоќа во Швајцарија е откриено дека е позитивен и на Б тестот. Казната за допинг е до најмногу 4 години неиграње фудбал.
Во Киев го обвинуваат дека ги финансира бунтовниците, во Москва дека ја издал каузата. Тој сака само едно: да се врати во својот град и таму да продолжи да живее.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина, која се избори за третото место во квалификациската група и автоматски за баражот, ќе се обиде да се квалификува на Европското првенство во дуелите со Република Ирска која е редовен учесник на баражите.