Првиот гол за Унгарија го постигна напаѓачот Тамаш Прискин од Слован Братислава, од вечерва идолот на нацијата. Во 14. минута прими една долга топка од левиот бек Тамаш Кадар, со еден потег дрибна двајца ривали и од аголот на казнениот простор постигна ефектен гол.
Норвежаните во продолжение од мечот напаѓаа, но без посериозни шанси за израмнување. Вториот гол за домаќините беше автогол на Маркус Хенриксен кого топката го погоди после еден корнер во 83. минута и заврши во мрежата на Ниланд. Истиот играч се извади за автоголот само четири минути подоцна кога го совлада Габор Кираљи (40 години) дури од вториот обид после изведениот пенал.
Унгарците ќе играат на едно Европско првенство после цели 44 години. Последен пат беа учесници на Европското во Белгија во 1977. година, а во 1986. година учествуваа на Мундијалот во Мексико. Од друга страна, Норвешка ќе пропушти едно големо натпреварување за првпат од 2000. година. 15 години Норвежаните беа дел од секое ЕП и СП.
Головите и хајлајтс од мечот Унгарија - Норвешка 2-1:
Џудо потегот на Бодеш:
Бараж за ЕУРО 2016:
Унгарија - Норвешка 2:1 (вкупен резултат 3:1)
понеделник 20:45 Република Ирска - БиХ (првиот меч 1:1)
вторник 20:45 Словенија - Украина (првиот меч 0-2)
вторник 20:45 Данска - Шведска (првиот меч 1:2)
Унгарија - Норвешка 2:1 (вкупен резултат 3:1)
понеделник 20:45 Република Ирска - БиХ (првиот меч 1:1)
вторник 20:45 Словенија - Украина (првиот меч 0-2)
вторник 20:45 Данска - Шведска (првиот меч 1:2)