22-годишниот фудбалер на Шахтјор Доњецк користел диуретик за контролирање на хипертензијата и кардиоваскуларните прболеми. Казната ќе важи за сите официјални натпревари на Конмебол, што значи дека Фред ќе може и натаму да игра за Шахтјор, но не и за репрезентацијата на Бразил.
Казната ќе му трае до 26. јули следната година, а подоцна Фред ќе биде условно казнет и секое повторување на делото би можело дополнително да влијае на нова суспензија.
Бразилецот решил да се жали на одлуката, но од друга страна ФИФА би можела да му ја прошири суспензијата и за настапите за клубот, нешто што го снајде нашиот репрезентативец Ариан Адеми кој добри драконска казна од 4 години поради тоа што падна на допинг-контрола после мечот Динамо Загреб - Арсенал.
Фред е роден на 5. март 1993 година во Бело Хоризонте, Бразил. Кариерата ја започна во Атлетико Минеиро во 2003. година, а подоцна играше уште и за Порто Алегре и Интернационал од каде во 2013-та се пресели во Шахтјор.
За две години во украинскиот клуб на 57 настапи постигна три голови. Играше и во групната фаза на Лигата на шампионите, од каде Шахтјор обезбеди пласман во Лигата на Европа како третопласиран.