Олег Саленко е јунакот кој му даде пет гола на Камерон, рекорд на еден натпревар на Светските првенства. На тој Мундијал успеа да постигне уште еден и потоа како израмнети стрелци со Христо Стоичков со по 6 погодоци требаше да ја делат наградата за најдобар стрелец.
Златната копачка сепак отиде во рацете на Русинот поради помал број на одиграни натпревари. Рускиот напаѓач кариерата ја почна во Зенит Ленинград, а потоа продолжи во Динамо Киев и Логронес.
По Мундијалот заигра една сезона за Валенсија и до крајот на кариерата настапуваше уште и за Ренџерс, Истанбулсаспор, Кордоба и Погон од Полска каде се пензионираше во 2001 година.
Потоа остана без пари и одлучи најголемото признание да го продаде на аукција, а почетната цена беше 500.000 долари. Стигнаа многу понуди, тој сакаше да остане во Русија или Украина, но на крај заврши кај Шеиците.
Не банкротирав, но се најдов во финансиски проблеми поради глобалната криза која ми го уништи бизнисот. Добив многу добра понуда од Обединети Арапски Емирати и ветување дека мојот трофеј ќе го изложат во музеј.
Саленко е единствениот фудбалер кој успеал да го освои признание, а неговата селекција да биде елиминирана во групна фаза. Во 2003 година беше работеше како селектор на репрезентација на Украина во одбојка на плажа. Одигра три меча на турнир во Португалија каде загуби од Бразил и Шпанија, а го победи САД. По турнирот беше отпуштен.
Головите против Камерун