Кога на 28 јуни се споменува некој спортски настан во рубриката „На денешен ден“, по важност на прво место без конкуренција оди натпревар кој навидум немаше никаква важност, но на крај се издвои како посебен, неповторлив и многу важен.
Светското првенство во САД веројатно ве потсеќа на асови како Ромарио и Роберто Баџо, но дали ќе се сетитe на напаѓачот кој постигна рекордни 5 гола на еден натпревар?