Лоши вести за Македонија

Адеми позитивен и на вториот допинг тест

Откако падна на првиот, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми синоќа во Швајцарија е откриено дека е позитивен и на Б тестот. Казната за допинг е до најмногу 4 години неиграње фудбал.

Европската куќа на фудбалот отвори постапка против Адеми откако првичните резултати покажаа дека тој е позитивен на тестот по мечот меѓу Динамо Загреб и Арсенал. Со оглед на тоа што позитивен е и на вториот допинг тест, тој можно е да биде суспендиран и до 4 години.

Информацијата за нашиот интернационален ја соопштија од Динамо Загреб, а УЕФА за неговиот случај ќе расправа и ќе донесе одлука на 27 ноември.

„Повторениот Б-тест на урината, кој е земен исто по мечот со Арсенал во првото коло во Лигата на шампионите е позитивен. Дисциплинската комисија на УЕФА за случајот ќе решава на својот состанок на 27 ноември, кога ќе знаеме повеќе детали. Според правилaтa на УЕФА, Динамо и Адеми не смеjaт ништо да коментираат додека дисциплинската постапка не биде завршена. Кога ќе имаме повеќе информации ќе ја информираме јавноста“, соопшти Динамо.

Откако резултатите од допинг контролата на УЕФА покажаа дека Адеми е позитивен тој ги напушти подготовките со репрезентацијата за квалификацискиот меч против Украина и замина во Загреб. Од Арсенал коментираа дека доколку се докаже допинг кај Адеми, тие ќе ги бараат бодовите од тој меч.

21 октомври 2015 - 16:39