
Хосе Менсес е шеф на обезбедувањето на селекцијата на Германија и на актуелниот селектор Јоаким Лев, а од сега ќе треба да се грижи и за безбедноста на ѕвездите на Баерн Минхен и нивниот предводник, Пеп Гвардиола.
Искусниот телохранител беше со Панцирите на две големи натпреварувања, најпрво на Европското првенство во Украина и Полска 2012, а потоа и на Светското првенство во Бразил каде Германија стана шампион.
Менсес веќе дебитираше во Баерн, овој викенд на гостувањето во Гелзеркирхен против Шалке, а ваквите безбедносни мерки на Баерн следуваат по терористички напади во Париз за време на кои Германија играше пријателски меч против Германија.