Малдивската полиција објавила дека министерката ќе остане во притвор се додека не заврши истрагата. Не е познато што точно се барало со магијата.
Министерството за животна средина е едно од поважните во земјата бидејќи островот е пред директна закана да биде потопен како резултат на глобалното затоплување.
Црната магија не е кривично дело во земјата, но сепак за нејзе следуваат шест месеци затвор според исламскиот закон.
Низ архипелагот на големо се практикуваат традиционални церемонии, за кои се верува дека може да донесат некаква корист или да проколнат непријател. Во земјата има случаи и на убиства заради верување дека некој фрла црна магија.