Првиот важен настан за светскиот фудбал се случи на 12 јануари во Цирих, каде Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар фудбалер во светот за претходната година. Португалецот се израмни со Мишел Платини и Марко Ван Бастен, кои имаат по три вакви признанија. Конкуренција во топ 3 му беа Меси и Ноер.
2. СИ ЗАМИНА СЕЛЕКТОРОТ КОЈ ИСПРОБА НАД 60 ФУДБАЛЕРИ
ФФМ во април месец го отпушти Бошко Ѓуровски кој на 11 меча како селектор на Македонија победи само на два, против Летонија и Луксембург. За време на неговото 16 месечно работење бараше играчи победници со карактер, но ги најде.
3. ИЛИЕВСКИ РАСКАЖА ЗА МЕСТЕНКИТЕ ВО ИТАЛИЈА
„На денот на мојот роденден, 2 март 2011-та Чо Бен Хуат ми донесе 250-300.000 евра, пари кој ги прати Тан Сет Енг. Други 300.000 евра ми донесоа двајца Унгарци во хотел во Лече за мечот Лече – Лацио“, изјави Македонецот кој сам им се предаде на италијанските власти.
4. МАЕСТРО ГО НАПУШТИ КАМП НОУ
На 18 август 1998 година, Чави дебитираше за Барселона против Мајорка. По крајот на минатата сезона замина во катарскиот Ал Сад. Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Барселона си замина со 25 трофеи. Се збогуваше во финалето од Копа деј Реј против Атлетик Билбао.
5. СЕВИЉА ВЛАДЕЕ СО ЛИГА ЕВРОПА
Четврто финале во ЛЕ за Севиља и четврто славје. Во Варшава на 27 мај шпанскиот состав со 3:2 беше подобар од Дњипро.
6. БАРСЕЛОНА ПО ПЕТТИ ПАТ НА ЕВРОПСКИОТ ТРОН
На 6 јуни во Берлин за пехарот во ЛШ се бореа Барселона и Јувентус. Натпреварот заврши 3:1, а стрелци на головите беа Мората за Јуве и Ракитиќ, Суарез и Нејмар за Барса. Каталонците стигнаа до петтата европска круна во својата историја.
По Панчев, Пандев и Ибраими, дел од популарниот италијански фудбал стана и Александар Трајковски. Италијанските медиуми за него пишуваа: „Трајковски влезе во историјата на својата репрезентација. Постигна хет-трик против Црна Гора и стана четвртиот Македонец на кој му успеало тоа достигнување“. Неговиот деби гол во Серија А влезе во изборот на топ 5 на колото.
8. ЧИТАТЕЛ НИ ПИША ЗА СИТЕ НАВИВАЧКИ ГРУПИ ВО МАКЕДОНИЈА
Годинава имавте можност да ги прочитате називите на сите навивачки групи во Македонија и тоа со слики. Сме имале Улави, Багабонти, Ѓаоли...
Младиот Кире Марковски во 112 минута го израмни резултатот против Трабзон и го елиминираше 100 милионскиот турски состав од 3. квалификациско коло за ЛЕ. Европското лето за Романтичарите беше најдолго од сите македонски екипи, а заврши во плеј-офот каде се сретнаа со Рубин Казан.
10. НАЈСКАПИОТ ТРАНСФЕР ЗА 2015
Белгиецот Кевин Де Бруин премина од Волфсбург во Манчестер Сити за сума од 74 милиони евра.
11. НАЈЛОШИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ И РАНГ ЛИСТАТА НА МАКЕДОНИЈА
Најболна тема кога е фудбалот во прашање во нашата земја е македонската репрезентација. Ни се случија најмизерните резултати во еден квалификациски циклус кој го завршивме со 4 бода и со само една победа и тоа против Луксембург, а на ранг листата на ФИФА стигнавме до рекордното 139-то место. За тоа пишуваше Таки.
12. СЕ ПЕНЗИОНИРА НАЈСАКАНИОТ КАПИТЕН
„Не беше лесна одлука, но прав момент е да се каже доста е", со овие зборови иконата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес Бланко објави дека се повлекува од фудбалот на крајот од сезоната.
13. СО МАКЕДОНИЈА НЕ УСПЕА НИТУ ФУДБАЛЕРОТ ОД ПОРТО
Во португалскиот фудбал, Друловиќ како играч освои 14 трофеи: 5 титули државен првак, 4 Купови и 5 Супер Купови. Но тоа играчко педигре не му помогна да смени нешто во нашата репрезентација. Друловиќ стана селектор на Македонија во април годинава и не оствари ниту една победа до октомври кога дојде денот за заминување. Имаше четири порази во низа од Словачка, Луксембург, Шпанија и Украина и реми со Белорусија.
14. ТРЕТ СЕЛЕКТОР ЗА ЕДНА ГОДИНА
Човекот кој ја направи сензацијата со Работнички во Турција, годинава стана нов селектор на Македонија.
Ангеловски испрати слика со Горан Пандев од Џенова и информација дека го враќа во националниот тим.
16. ЧЕТИРИ ГОДИНИ СУСПЕНЗИЈА ЗА АДЕМИ
Наспротив добрата вест за Пандев, фудбалерот на Динамо Загреб и македонската фудбалска репрезентација, Аријан Адеми е суспендиран на 4 години од УЕФА, поради користење допинг.
17. БЕЛГИЈА СТАНА БРОЈ 1 ВО СВЕТОТ
Генерација со феномени, селектор со победнички дух на политички избори и мултинационална репрезентација која ги обедини играчите без разлика на потеклото. Ова е само дел од тоа што го има единствената земја која е прва на рангот на ФИФА, без ништо освоено.
18. ОТКАЗ ЗА МУРИЊО
Челси стана шампион на Англија во 2015 година, но во првата половина од новата сезона оствари ужасни резултати, а цехот го плати Жозе Мурињо кој доби отказ од клубот.
2015-та година дефинитивно е година на Барселона која освен шпанскиот Супер Куп ги освои сите други трофеи: Ла Лига, Лига на шампиони, Копа дел Реј, Супер Куп на УЕФА и Светско клупско првенство.
20. БЛАТЕР И ПЛАТИНИ ФАТЕНИ ВО ОФСАЈД
ФИФА имаше турбулентна година полна со претреси и апсења на високи функционери вмешани во мито и корупција. На 10 дена до истекот на 2015-та на ред дојдоа и првите луѓе на УЕФА и ФИФА кој добија забрана за било какво работење во фудбалот во период од 8 години.