Ранг листата на ФИФА
Пред 8 години, селекцијата на Белгија беше речиси и никој и ништо и се наоѓаше на 71-ра позиција на ранг листата на ФИФА во друштво на Замбија, Саудиска Арабија и Хаити. Потоа направија импресивен напредок, влегоа во вториот шешир за ждрепката на ЕП 2016 и се качија на врвот на ранг листата на ФИФА. Белгија е единствената репрезентација која успеа да биде прва на ова рангирање без никогаш да освои Европско или Светско првенство.
Златна генерација
Млади се, имаат талент и волја да се покажат. Златната генерација како што ја нарекуваат во Белгија има изобилство на играчи со голем потенција. Клучот е во стратегијата, во 2010 година федерацијата направи инвестициски план во кој најголемо внимание ќе добијат школите и ќе се форсираа младинскиот сектор. Андерлехт, Гент, Бриж и Стандард веруваат во револуцијата и работат напорно во своите академии, пренесувајќи им ја на децата играта која се базира на офанзивен и модерен фудбал. Резултатите не доаѓаат веднаш, Белгија не успеа во квалификациите на претходното Европско, но има потенција. На Мундијалот во Бразил доминираа во својата група и стигнаа до четвртфинале каде беа елиминирани од Аргентина. Селекцијата на Вилмотс е една од најмладите со просечна возраст на играчи од 25 години.
Мултинационален состав
Белгија е одраз на една земја која во последниве години успеа да најде добитна комбинација каде живеат различни култури, се мешаат етнички групи и се зборуваат различни јазици. Белгискиот мултикултурализам ги намали контроверзиите меѓу северот и југот, а тоа се случи и во репреентацијата. Во тимот има играчи кои потекнуваат од Африка. Бентеке, Компани и Лукаку се деца на имигранти од Конго, Ориџи има корени од Кенија, Фелаини е од Мароко, Дембеле има родители од Мали, а таткото на Наинголан е од Индонезија.
Пример за скромност
12 учества на Светските првенства, четири на Европските, но празни витрини. На СП Мексико 1986 завршија четврти, а на ЕП 1980 на второ место. Се работи за селекција која секогаш се мачела низ историјата на големите натпреварувања. Белгијците всушност имаа освоено нешто. Се работи за Олимпијадата во Антверпен, на првите од трите одржани Светски првенства во аматерски фудбал, признати од ФИФА. Другите две ги освои Уругвај во 1924 и 1928 година и за разлика од Белгија ги смета за важечки Светски првенства и наместо 2 ѕвезди, на дресот носи 4. Фудбалската репрезентација на Белгија не се смета за Светски првак и на дресот нема нити една ѕвезда.
Селектор со политичка позадина
Тоа што Белгија се качи на врвот е голема заслуга и на селекторот Марк Вилмотс кој е поранешен политичар. Како играч учествуваше на четири Светски првенства и со 5 гола е рекордер по бројот на голови меѓу Белгијците кои учествуваме на Мундијалите. Откако заминал во пензија, станал тренер на Шалке, па се откажат од тренерската работи за да се бави со политика. Вилмотс бил избран за сенатор како дел од либералната реформистичка партија. Неговиот борбен дух, единство и национална кохезија, се основните елементи во селекцијата која игра офанзивен фудбал и во која се заљуби целата земја. Кога Белгија се искачи на првата позиција на ранг листата на ФИФА, целиот парламент во Брисел му даде почит на Вилмотс.
Вредноста на играчите
Најмлади се, најталентирани и најбарани на пазарот. Манчестер Сити летово плати 74 милиони евра за Кевин де Брујн, рекорден трансфер во изминатиот преоден рок. Во топ 5 трансфери за ова лето влезе и Бентеке за кој Ливерпул потроши 46 милиони евра. Цифри кои докажуваат колку се ценети нивните играчи. Инаку Белгија во Европа ја има најскапата селекцијата на која првите 11 играчи им вредат 387 милиони евра и кои се поскапи дури и од Шпанците. Во светски рамки повеќе од нив вредат само Бразил и Аргентина.
Таленти за извоз
Дома цутаат, а потоа се докажуваат во странство. Во составот на Вилмотс само 5 играчи се од белгијското првенство, 8 од првите 11 играат во Премиер лигата, а остатокот е поделен во Серија А, Ла Лига и Русија. Во Белгија веќе се навикнати, најдобрите играчи брзо ја напуштаат својата земја за да се пробијат во најдобрите европски клубови. Пример за тоа е 20 годишниот Аднан Јанузај кој се смета за еден од најдобрите таленти во европскиот фудбал. Родителите му се од Косово и од 2018-та можеше да игра за Англија. Но тој на одбра Белгија, земјата каде е роден и израснат. По младинската школа на Андерлехт, на 16 години замина во Манчестер Јунајтед кој го даде на позајмица во Борусија Дортмунд. Аднан не е единствениот млад талент кој во златната генерација.