
Во своето четврто европско финале, Севиља стигна до четвртиот пехар. На тој начин тимот од Андалузија обезбеди и директен пласман во Лигата на шампионите од следната сезона. Во Варшава вечерва, Севиља беше подобра од Днипро 3-2 (2-2).
Шпанците направија пресврт во првото полувреме, Днипро израмни пред паузата на 2-2, за да во вториот дел Карлос Бака со својот втор гол им донесе голема радост на Андалузијците. Двете екипи одиграа фантастично прво и мирно второ полувреме во главниот град на Полска. Подобро почнаа Украинците, кои по акцијата на Матеус и Калиниќ стигнаа до водство во седмата минута.
Во вториот дел двете екипи играа резервирано, со многу дуели и фаули. Се чекаше грешка на ривалот и тоа се случи во 73' минута. Одбраната на Днипро реагираше неспретно, топката стигна до Витоло кој го проигра Бака, а Колумбиецот реализираше за конечни 3-2.
Хајлајтс од мечот и сите голови:
Церемонијата на доделување медали и пехарот:
Церемонијата на доделување медали и пехарот: