Работнички одигра доста солидно во првите 45 минути во кои најмногу се водеше битка во средниот ред. Трабзон имаше посед на топка, но не успеа да се наметне со шанси. Единствената прилика ја имаа во 33 минута преку Зенгин меѓутоа Божиновски беше на место.
Романтичарите беа во пододредена улога, но играа концетрирано и цврство во одбрана, а таа стратегија им донесе успешно прво полувреме во кое мируваа мрежите.
Домаќините притиснаа во вториот дел, а до водство стигнаа со голот на Јокушлу кој реализираше со глава по центар шутот на Хурмачи. Десет минути по примениот гол, Работнички влезе во нови проблеми бидејќи Душко Трајчевски доби втор жолт картон.
Турците го зголемија притисокот и се преселија пред голот на Божиновски, а на десетина минута пред крајот ја имаа и најсериозната шанса кога Романтичарите се спасија по еден карамбол. Најзаслужен што Работнички се избори за продолженија е токму голманот Божиновски.
Во 90 минута се случи вистинска драма пред спротивниот гол кога домаќините со многу среќа се спасија од елиминација. Нововлезениот Митров имаше одличен соло продор кој не успеа да го реализира во гол, но веднаш потоа Киврак лошо дегажираше, а Алтипармаковски од прва се обиде да го изненади голманот и биеше во пречката.
Јунаците од Дебар маало голот вреден плејоф во Лига Европа го постигнаа на 8 минути до крајот со голот на Кире Марковски кој израмни на 1:1. Ова ќе им биде втора шанса пред историскиот подвиг во групната фаза кога не успеаа да го достигнат во 2011-та против Лацио.
Голот на Трабзонспор
Пречката на Алтипармаковски
Израмнувањето на Марковски