Шкендија и Работнички одиграа 1:1 во 2. коло од новата сезона. Тетовчани поведоа благодарение на една ретко видена ситуација пред гол. Топката удри во едната статива, па во голманот и на крај во другата статива. И немаше да влезе, но Дин Аломеровиќ ја промаши со едната нога и ја бутна несакајќи со другата. Циркузи.
Градското дерби меѓу Вардар и Работнички викендов се врати онаму каде што му е местото, на Градски. Навивачка атмосфера, песни, Комити, Вршац, пиво, легенди, бивши спонзори и претседатели. Убаво.
Фудбалерите на Вардар стигнаа до многу важни 3 бода во борбата за опстанок. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го совладаа градскиот ривал Работнички. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Дарко Глишиќ кој со едно безопасно нафрлување од корнер, го совлада голманот Алексовски кој остана збунет.
По долга пауза од 6-7 месеци, се вратија фудбалските настани на нашето најубаво здание кое доста зорт виде со одржување. Работнички ја совлада Брегалница 2:0 во 21. коло од домашното првенство. Мечот го разубави Камерунецот Аиме Гандо на акробатски начин.
И покрај тоа што стана дел од италијанската елита, а заигра и во најсилното клупско европско натпреварување, Елиф Елмас не заборава каде почнал и ги посети дебармаалци на тренинг.
Македонските претставници во Лига Европа не можат баш да се израдуваат нa денешната ждрепка во Нион. Никој од трите македонски претставници не доби лесен противник, осбено не Шкупи кој ќе се судри сo 54 кратниот шампион на Шкотска.
ФК Вардар vs ФК Работнички. Градско дерби кое стартуваше во 15:00 часот. Да не знае човек на што попрво да се изначуди. Терминот на одигрување или “големиот“ интерес на скопската публика која не ја наполни арената Филип Втори ниту со Фенербахче, Зенит и Реал Сосиедад. Ако можете обидете се да изброите колку публика има. А дерби е.
Фудбалерите на Работнички го совладаа Вардар со 2:1 во дербито на колото во првата македонска лига. Ах колку ни е мизерна таа наша лига која веќе ни семкарите не ја следат. Дејан Блажевски зема да се витка и да се држи за колено како да го тепале со шипка, а голманот на Работнички, Даниел Божиновски доби црвен картон за ништо. Уште почудно е што главен судија на мечот беше Александар Ставрев.
Градското дерби меѓу Вардар и Работнички се игра денеска (14:30) во бош време кога сите се на работа, но нејсе. Мобилизацијата на Комитите на ФБ во јубилејната 30-та година за нив и 70-та за клубот, продолжува со една песна која ја пееја една година по испаѓањето во втора лига во сезоната 2010/2011 и која се надеваат дека нема повторно да ја запеат.
Резултатите кои летово ги постигнаа Вардар, Шкендија и Работнички на европска сцена, на македонскиот клупски фудбал му донесоа преку 2.000 бодови и високо 16. место на ранг листата на УЕФА од вкупно 55 земји-членки.
По одиграните натпревари во квалификациите за Лига на шампиони и Лига Европа, нашиот клупски фудбал конечно живна во рангирањето и во моментов се наоѓа пред најсериозните фудбалски лиги на континентот според освоените бодови на рејтингот.
Работнички вечерва од 18 игра во 2. коло од квалификациите за Лига Европа против белорускиот Динамо Минск. Гостите од Белорусија отседнале во хотел „Русија“ каде ги пречекала интересна агенда но наместо нивно име, стоело име на нивниот ривал од белоруската лига.
По разочарувачките 45 минути против Црвената Фурија, Ангеловски во вториот дел му даде можност на едно дете кое влезе во игра на 17 години, не загуби дуел, а првиот му беше против Иниеста на кој му ја украде топката дрско и без респект.
Кога поранешниот тренер на ФК Работнички, Игор Ангеловски летото 2015 година пред турската спортска јавност изјави дека неговиот клуб располага со 350.000 евра, новинарите го прашаа дали е тоа месечен или неделен буџет. Тој одговори дека тоа се пари со кои клубот располага на годишно ниво. Токму пред тој негов состав капитулираше турскиот гигант Трабзон со буџет од 105 милиони евра.
Во ситуација кога играат, а и да не играа викендов: Атлетико - Реал, Борусија - Баерн, Милан - Интер, Манчестер Јунајтед- Арсенал и Фенербахче - Галатасарај, читател ни испрати доказ дека најголема тепачка за карти имало за скопското дерби меѓу Вардар и Работнички.
Ако се прави топ листа на најдобри 10 голови на сезоната во македонското фудбалско првенство, нека почнат да ги собираат само конкурентите од второ место па надолу, бидејќи првата позиција е веќе резервирана. Му следува на Бојан Најденов од Работнички кој при 1:1 против Македонија Ѓорче Петров денеска го стори ова.
Вардар, Шкендија, Работнички и Силекс се клубовите кои ќе ја претставуваат Македонија во Европа, а своите противници ќе ги добијат на 20-ти јуни. Привилегирани на ждрепката се само Романтичарите.
Фудбалерите на Работнички достојно се простија од настапите во Лига Европа, а најзаслужен за тоа беше голманот Даниел Божиновски кој веќе е на мета на големи европски клубови.
Последниот македонски претставник во Европа минимално поразен од Рубин Казан во реванш мечот, по што рускиот тим обезбеди учество во групната фаза од Лига Европа.
По скопските 1-1 на Филип Втори, Работнички попладнево од 18:00 часот (пренос МТВ) ќе го игра реваншот против рускиот Рубин во Казан. Играчите спремни да направат нов подвиг.
Фудбалерите на Работнички не ја завршија европската одисеја за време на сезоната за капење и во четврток ќе се обидат да го постигнат најголемиот успех во македонскиот клупски фудбал. Против Рубин Казан ќе играат за влез во групите на Лига Европа.
После пропуштените прилики македонската спортска јавност на телевизија да ги гледа европските натпревари на Работнички, од Македонската радио телевизија стигнаа убави вести.