Кога во 2010-та селекцијата на Шпанија предводена од Висенте Дел Боске на Мундијалот во Јужна Африка стана Светски првак, едно од многуте деца кој се воодушевувал на апсолутната доминација на Пике, Рамос, Иниеста, Бускетс, Педро и останатите сигурно бил е Елиф Елмас.
Малиот тогаш имал 11 години, шутирал топки пред зграда и играл во балони, а седум години подоцна доби можност за која сонуваат илијадници деца, а тоа е да заигра на ист меч со гореспоменатите светски фудбалски ѕвезди кои синоќа нѝ гостуваа во Скопје.
Првата измена на Мрме се случи на самиот старт на второто полувреме кога на местото на Остоја Стјепановиќ во игра влезе фудбалерот со број 21 Елиф Елмас.
Ако некој за момент помислил дека гледа Македонија - Турција, а измената ја прави Фатих Терим, се лаже. Зборуваме за наше дете со турско потекло кое на само 17 години доби можност да заигра против Европскиот и Светски првак, Шпанија.
Елмас не само што почувствува како е да се биде на терен со така елитно друштво, туку остави феноменален впечаток во тие за него први историски 45 минути за А селекцијата на Македонија.
Иниеста има 33 години, Рамос 31, Пике 30, Бускетс 28 и овие играчи се дел од Барселона и Реал Мадрид, но за македонскиот тинејџер тоа не беше никаква пречка да се носи и да се надигрува со овие имиња.
Се работи за брз фудбалер на кој природната позиција му е полушпиц, но синоќа играше нешто поназад, а тоа воопшто не му пречеше. Тој што го следеше мечот, сигурно ги памети неговите брзи потези, цврстината со која влегуваше во дуелите и одличното решение во играта со топка.
„Македонија доби голем бисер во него. На тие години да одигра така против толку голем противник и да внесе свежина во играта е неверојатно. Мислам дека Елиф Елмас е голема перспектива на репрезентацијата“, изјави по мечот селекторот Игор Ангеловски.
Дека се работи за бисер на македонскиот фудбал не мисли само Мрме, туку уште многу фудбалски стручњаци кои работат за клубови од Премиер лигата и Серија А. На арената Филип Втори до сега го следеле скаути од Манчестер Сити, Интер, Бенфика, како и од неколку турски клубови.
Но Фк Работнички има преддоговор со Херенвен. Елмас на 27 септември ќе стане полнолетен по што ќе може да потпише договор и во јануари најверојатно ќе заигра во првата холандска лига.
Елмас е дел од школата на Работнички од 12 годишна возраст, а во македонското првенство дебитираше во сезоната 2015/2016. Минатото лето заигра и во квалификациите од Лига Европа и тоа со гол во првото квалификациско коло против Будуќност Подгорица откако влезе од клупата за резерви.
Големиот македонски талент на само 17 години заигра за пет селекции: У-17, У-18, У-19, У-21 и сениорската репрезентација. Синоќа беше големо освежување во вториот дел од дуелот против Шпанија, во која живна играта на нашите фудбалери, а му посакуваме многу среќа и на следниот дуел со Шпанија на 17-ти јуни, овој пат со младинската селекција предводена од Боби Милевски кој денеска ќе го качи во авион за Полска.
Решавачкиот гол на пријателскиот дуел Македонија У-21 - Црна Гора У-21 (1:0), одигран во март годинава.
Целосно доминантен на маалските турнири како помал