Вардар, Работнички и Шкупи немаа среќа на ждрепката и ќе треба многу да се испотат ако сакаат да го минат првото квалификациско коло во Лига Европа.
На Вардар му се падна Пјуник од Ерменија со кој Победа од Прилеп се сретна во 2004-та и стана првиот македонски клуб суспендиран од УЕФА поради местенка која ја плати со суспензија од 8 години на европските натпреварувања.
Работнички ќе ги одмери силите со Хонвед од Унгарија, а најатрактивниот противник го доби Шкупи кој ќе се судри со Глазгов Ренџерс.
За иконата на Ливерпул мечот со тимот од Чаир ќе значи и деби за сениорскиот состав на Глазгов. Џерард беше дел од младинската академија на најтрофејниот шкотски клуб, а неодамна ја прифати понудата да го води првиот тим.
Првите натпревари сите три македонски екипи ќе ги играат 12 јули на гости, а реваншите во Скопје се закажани за на 19 јули.