Елмас не го заборава Работнички

И покрај тоа што стана дел од италијанската елита, а заигра и во најсилното клупско европско натпреварување, Елиф Елмас не заборава каде почнал и ги посети дебармаалци на тренинг.

Елмас ја почна кариерата во Работнички каде играше во периодот 2015-2017. Одигра на 44 средби, постигна 7 гола, а потоа се пресели во Фенербахче.

Само неколку дена подоцна, на 4 октомври 2015 деби одбележа и во Првата лига против Металург, исто така победнички.

Првиот гол го постигна против Хоризонт Турново на 10 април 2016-та, меч на кој скопскиот тим славеше со 2:0.

Убав гест на ѕвездата на Наполи каде годинава се крчка Скудетото. 19 бода му бегаат на второпласираниот Лацио на 11 кола до крај.

30 март 2023 - 08:20