Ако се прави топ листа на најдобри 10 голови на сезоната во македонското фудбалско првенство, нека почнат да ги собираат само конкурентите од второ место па надолу, бидејќи првата позиција е веќе резервирана. Му следува на Бојан Најденов од Работнички кој при 1:1 против Македонија Ѓорче Петров денеска го стори ова.