Таг: голчиште

Левица на денот, голманот не мрдна

Додека во Европа привршува ЛШ, во Јужна Америка се игра групната фаза од Копа Либертадорес. Палмеирас има 4 од 4 во А групата, а синоќа му пукна петарда на гости на Индепендиенте Петролеро од Боливија. Бразилезот Рафаел Веига постигна хет-трик, а на еден од головите гледач беше и голманот.

Роналд Куман од Боливија

Мундијалски квалификации синоќа се играа и во Јужна Америка каде Бразил и Аргентина славеа на гости, а Боловија освои бод против Колумбија со јако голчиште, дело на Фернандо Сауседо.

Меси го нема направено ова во судиско продолжение

Крег Мекгафи од Гринок Мортон против Монтроуз, во полуфиналниот меч од плеј-офот за промоција во шкотскиот шампионат и тоа во последната минута од судиското продолжение. Мајсторлук за сите пари.

Парагвајски фелш на денот

Позицијата е тешка за директен удар, ама ќе проба. Голманот се чини дека е застанат на право место и ја има директ во раце. Потоа на сцена стапува Роберто Карлос ефектот.

Кога на голманот му преостанува само да ја гледа

Лестер го наполни Стоук на гости 0:4, а голот на мечот и колото во ФА Купот го постигна Џејмс Џастин кој му рече на голманот: Џабе ќе се фрлаше.

Мислевте дека Левандовски царува само во шеснаесетник?

Важи за класична голгерска 9-ка која не простува и владее во опасната зона за шут, ама чекајте да видите како се однесува кога ќе го остават сам на 20 метри. Џабе си ги испржи прстите голманот на Штутгарт.

Убавина од гол на колеџ во САД

Нема што да ја пимплам, да ја подавам или да влегувам во шеснаесетник. Абе кога ќе ми легне на прва, легната е. Голман џабе везеш.

Штета што вакви голчишта паѓаат пред празни трибини

Фудбалот не е ист, односно далеку е од ист после вирусот, бидејќи место навивачки амбиент, се слуша ехо од криците на играчите и тренерите како во македонска трета лига исток. На вакви мајсторски голови греота е да не се кренат едно 30.000 навивачи.

Што е појако, голот или дриблингот?

Сме играле и играме фудбалче по балони, ама вакви нинџи во екипа сме немале. Голманот не мрдна, а тој од негова за глава се држеше. По колку е од човек за терминов? По 150че, ама ти не треба да плаќаш, ние ќе ти плаќаме за цела сезона, само ти играј од наша.

Од таму мајсторе ни Фиго не ја коваше

Се вика Леѓан Мемушај, член е на Пескара и селекцијата на Албанија и изведе удар кој двајца голмани не го бранат. Од таму обично крилата нафрлаат, а овој мртов ладен ја спука во гол со лудачки лоб.

И дете на Вардар ја распали како лудиот Пољак

Откако го објавивме голчиштето на стоперот од полскиот второлигаш Јастржебје, првиот што ни остави коментар, ни пиша дека и во Вардар неодамна се случила иста таква лудорија. И стварно. Се вика Максим Милошевски, има 15 години и голманот го направи гледач во Синеплекс.

Тројца голмани на Арсенал не го бранат ова

Детето за кое Фергусон уште на Мурињо му рече дека треба да го игра повеќе, еве го во едно друго издание. Скот Мектоминеј има 22 години, задача му е да ја пази средината, ама вчера гаѓаше на Олд Трафорд, онаму каде што не му ги фаќаа на Бекам. Трет гол за него во кариерата која ја почна во Јунајтед во 2016/2017.

Како им ја дувна во 95-та минута

Дуван Запата е дечкото кој минатата сезона заврши како втор стрелец во Серија А, со 3 гола помалку од лидерот Кваљарела и 2 повеќе од Роналдо. Напаѓачот на Аталанта направи растур систем. Погледнете му го овој ладнокрвен и убиствен удар во финишот против Џенова онаму каде што не се брани.

Вакво голчиште во Јемен немало откако им постои земјата

Додека во Европа се играат квалификации за ЕП, во Азија се борат за влез на СП 2022. Мохсен Мохамед ќе ја памети синоќешната вечер додека е жив, а богами и сите што беа на стадион. Вакво нешто не се гледа ниту во најсилните фудбалски лиги.

Браво девојко

Ги имаме Снајдер и Ван Перси, ама во женска верзија со една хируршки прецизна комбинација која не се гледа така често во женски фудбал. Секоја чест и за двете. Шах - мат им направија.

Ја испука како од топ

Не бе на бек кога ќе му легне, легната е, плус малце му тапкаше и одеше накај него, најтаман посакувана топка. Шведската втора лига дефинитивно го има голот на сезоната.

Браво бе женска, Величе не можеше ни да добаци од таму

Лига на шампиони жени. Славија Прага vs Баерн Минхен. Шутира извесна Свиткова и ја лобува голманката од преку 30 метри. Е некој ваков гол ни фали да видиме на Градски. Порано беа дрва во средина, ама ајде сега Барди, Варди, Марди, кренете го стадионот на нозе.

Кандидат за гол на сезоната во Ла Лига

Сарагоса го совлада Овиедо со 2:0. И двата гола на мечот ги постигна Алваро Вазкез. Одиме со вториот кој сигурно ќе влезе во тесна конкуренција за гол на сезона во Шпанија. Ибра би му љубоморел. Мајсторија е благ збор за ова.

Кутињо ќе љубомори на голов

Вусимузи Мнгомезулу е име од Јужна Африка кое веројатно нема и не мора да го запамтите. Важно е да му го видите евроголов ала Кутињо. Еднаш во кариера се случува вакво совршенство од удар со кој нема шанси голманот.

Нафрлуваше или шутираше во гол?

Некои лобови така знаат да бидат опасно изведени, што за голманите нема друго чаре, освен да се помират дека нема бранење. И тоа е ова е фудбалерКА од Ајакс на меч од Лига на шампиони против Спарта Прага. Секоја чест за ударов.

Првиот гол во Лига на нации го постигна Ѓорги

Првата победа во историјата на ова натпреварување кое стартуваше денеска ја оствари Грузија во групата 1 од Лигата Д во која го совлада Казакхстан, а деби голот е мајсторија на Ѓорги Чакветадзе. 

Спектакуларен гол на новиот шпански прволигаш

Хуеска е името на новиот и најмалиот шпански прволигаш во историјата. Игра на стадионче со капацитет од 5.000 седишта и е непоразен по првите две кола. Голов е бајат веќе три дена, ама не може да не се објави. Многу сме пропуштиле. Го постигна извезен Авила за конечни 2:2 против Атлетик Билбао. Секоја чест.

Мајсторски гол на Розенборг против Шкендија

Ќе речеш Норвежани се, не може да бидат ништо посебно во фудбал, ама сепак се многу понапред од нас. Тоа лани го осети на своја кожа Вардар, а синоќа и Шкендија која загуби со идентични 3:1. Исам Џебали од Тунис го даде најатрактивниот гол на мечот, а можеби и на вечерта во плејоф средбите од ЛЕ.

Парагвај нема видено до сега ваква волеј бомба

Треба да ти легне, ама треба и да те бива вака силно и прецизно да ја збибериш во агол од таа далечина. Величе на пример не можеше да ја добаци од таму, а Марио Рикардо душмански ја опали преку голман.