Таг: проектил

Во меѓувреме, одиме во Непал

Кога ќе се спомене Непал, прва асоцијација се Хималаите и славниот Монт Еверест. Но, тука друг е муабетот. Роберто Карлос дали се слушаме? Или ова треба да го објасни професор по физика?

Проектилот на Пољаците кој заслужува внимание

Паднаа 26 гола на 9 меча во претпоследниот ден од последното коло во групната фаза од Лига на нации. Еден од најубавите, ако не и најубав е оној на средбата Полска - Шкотска 1:2. Го постигна дефанзивецот Камил Платковски.

Смеј се, топката ја дупна

Ерик Јирка е фудбалер на полски Гурник Забже. Има 22 години и e тотално без осет кога ќе начека топка на волеј. Што има дечково во ногата не е јасно, ама ова не е нормално колку е силно.

Тебе Коларов да не ти е професор?

Ваидас Славицкас од Литванија, за нас тотален анонимус, изгледа со 10-та го положил испитот по распалување проектили кај Александар Коларов. Од преку 30 метри и тоа од место. Честито мајсторе.

Топовски проектил кој не се брани

Селекцијата на Белорусија синоќа ја изненади Грција на пријателски дуел кој се играше на стадионот Караискакис во Атина. Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Сергеј Политевич кој зема залет и ја опали душмански.

Не е ни Карлос ни Хулк, туку Бојан

Ако се прави топ листа на најдобри 10 голови на сезоната во македонското фудбалско првенство, нека почнат да ги собираат само конкурентите од второ место па надолу, бидејќи првата позиција е веќе резервирана. Му следува на Бојан Најденов од Работнички кој при 1:1 против Македонија Ѓорче Петров денеска го стори ова.

Бомба на колото

Еманули Папастерианос од Ксанти го има проектилот на колото кој го постигна во грчкиот фудбалски шампионат против Панетоликос.

Проектил ала Роберто Карлос

Мислевме дека ова е листата на голчишта од викендов која треба задолжително да ја погледнете, ама не сме го ставиле главниот топовски удар. Тијаго Карлето од Ботафого заслужува чиста 10-та за ова чудо.

Следниот пат пробај од гол на гол

Парагваецот Ернесто Кристалдо испрати топовски удар од преку 40 метри кој џабе ќе беше да го бранеа и Буфон, Нојер и Касиљас заедно. Тој игра за боливискиот клуб кој се вика The Strongest.

Чија е бомбава?

Уште 1000 пати да пробуваш, нема да ти успее вакво голчиште од над 40 метри во агол.