Барселона во 2015-та

Меси постигнал 24 гола на 26 финалиња и со една таква статистика, Барселона ретко губи во финале. Сезонава освоија 5 од вкупно можни 6 трофеи. Тоа се: Ла Лига, Лига на шампиони, Копа дел Реј, Супер Куп на УЕФА, Светско клупско првенство.

Шпанскиот Супер Куп е единственото натпреварување на кое Каталонците оваа година не славеа. Тоа не им избега во 2009 година кога станаа првиот клуб во историјата кој ги освои сите 6 можни трофеи.

Во 2011 година Барселона освои 5 трофеи, а тогаш им фалеше само Копа деј Реј. Овој тим има 6 рекордни полуфиналиња во низа во ЛШ, а во јуни оваа година стана прв клуб во Европа кој два пати стигнал до тројната круна.

Со победата над Ривер Плата од 3:0, најтрофејни играчи во историјата на клубот станаа Меси и Иниеста кои имаат по 26 титули, а Чави остана на 25. Нов рекорд кој го урнаа е оној на постигнати голови во една година. Во 2012-та постигнаа 175 гола, а сега имаат 176 и уште еден натпревар во првенството против Бетис на 30 декември.

ЛА ЛИГА Барселона 94 бода, Реал 92

Последниот меч (23 мај 2015) Барселона - Депортиво Ла Коруња 2:2

КОПА ДЕЛ РЕЈ (30 мај 2015) Атлетик Билбао – Барселона 1:3

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (6 јуни 2015) Јувентус – Барселона 1:3

СУПЕР КУП НА ЕВРОПА (11 август 2015) Барселона – Севиља 5:4 (по продолженија)

СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО (20 декември 2015) Ривер Плата – Барселона 0:3

21 декември 2015 - 15:27