Џонсон го отвори резултат во 48 минута и се израдува во стилот на Монтела, а на Твитер се појави верзија дека со неговата прослава тој ги хејтал двајцата навивачи на Њукасл кои беа дел од авионот на Малезија Ерлејанс кој беше соборен над Украина минатата година.
Телеграф им поверува на овие тврдења и напиша:
Некои тврдеа дека поранешниот англиски репрезентативец направил зајадлив и провокативен гест кој се однесувал на двајцата навивачи на Њукасл кои загинаа кога лани беше соборен авион над Украина. Џонсон треба да се извини за тоа.
По 24 часа угледниот весник се извини за грешката:
Во претходната верзија на овој извештај беше вклучено обвинението дека Адам Џонсон ги провоцира навивачите на Њукасл со „авионската прослава“ откако го постигна голот, а ние посочивме дека се однесува на двајцата загинати навивачи на Њукасл кои беа дел од авионската несреќа во Украина. Прифаќаме дека таа негова прослава нема апсолутно ништо со тие жртви. Му се извинуваме на г-Џонсон и се согласуваме да платиме оштета во фондацијата на Сер Боби Робсон.