Неговата репрезентативна кариера цветаше. Заховиќ им помогна на Словенците да се пласираат на првиот Мундијал во својата историја, а во 2005. година ја заврши кариерата во Бенфика.
Во 2009. година ја разбрани руската јавност која го запомни по изјавата во пресрет на баражот за пласман на Светско првенство меѓу Русија и Словенија во Москва
„Во 2000. година Украина ни беше многу тежок противник во плејофот. Потполно сум уверен дека Шевченко е подобар од вашата главна ѕвезда Андреј Аршавин. Русија е генерално нефудбалска земја. Бев на мечот ЦСКА - Манчестер Јунајтед на стадионот Лужники и што да видам, полупразни трибини. Имате малку заинтересирани за фудбал, а Москва е еден од најголемите градови на светот. Колкаво население сте? Во град како Москва нема доволно луѓе да го наполнат стадионот кога доаѓа Манчестер Јунајтед. Подобро играјте хокеј, во тоа сте подобри. Не се плашиме, подобри сме од вас и едноставно ќе одиме на Светско првенство затоа што повеќе вредиме од вас", ги смрзна Заховиќ руските новинари на прес конференцијата пред двомечот кој Словенија го доби и замина на СП 2010.
Неколку дена подоцна, Заховиќ откако сфати што направил, изјави дека неговите зборови биле погрешно преведени.
„Нема да заборавам како после нашата победа против Украина, од Русија ми стигнаа повеќе од 2.000 писма. Нема да верувате ако ви кажам дека на сите им одговорив со разгледница и својот автограм. Ако сакате да знаете, многу го почитувам вашиот фудбал и како можам да негирам дека имате доста добри играчи, силна лика и секогаш играте на големите натпреварувања".
Златко Заховиќ веќе неколку сезони е спортски директор во Марибор, тимот каде најдобар играч е македонскиот фудбалер Агим Ибраими. Таму играше и синот на Заховиќ, Лука кој даде гол во групна фаза од ЛШ, а сега е во Херенвен.