22 годишниот Енес Алиќ од БиХ, изминатово коло ги засени сите стрелци на голчишта. На мечот Домжале - Марибор 3:3, нејасно е дали ја дигаше или гаѓаше во гол. Уште 100 пати да се обиде, нема да му успее ова.
По неверојатниот триумф на клубот од Бергамо во 1/8 финале на Лига на шампиони, најголемите спортски медиуми го величаат Јосип Иличиќ, репрезентативецот на Словенија кој има баш тешка животна приказна и фудбалска кариера.
Во турското летувалиште Анталија, кое има неверојатни услови за одржување подготовки, доаѓаат многу клубови. Таму во овој период од годината секојдневно се играат еден куп пријателски, а една меѓу словенечки Марибор и Борац од Бањалука не се доиграла.
Дуелот од 1. коло во Лига на шампиони меѓу Марибор и Спартак Москва го одбележаа неколку сериозни инциденти меѓу навивачите и полицијата, а од целата бесмисленост на крајот излезе приказна со среќен крај.
Ален Јоган од Горица на мечот со Марибор му ја врати на голманот на сличен начин, како што цела арена Филип Втори посака во 90-та минута да му ја вратат на голманот на Фенербахче. Словенците сега се во кошаркарски транс и нема многу да се трескаат од земја за автоголов, како што се трескаа Турците против Вардар.
Словенечкиот Марибор важи за еден од ретките градови каде руските навивачи не можат баш да шетаат слободно. За некое чудо, навивачите на Марибор собрани под името „Viole“ (бојата на клубот е виолетова), без никаков респект влегуваат во судир со спремните руски набилдани хулигани. И два-три пати поштено ги добиваат. Така беше и синоќа на мечот Марибор - Спартак (1-1) од Лигата на шампионите.
Марибор синоќа славеше 1:0 против Хапоел Бир Шева и со вкупни 2:2 оди во групна фаза во Лига на шампиони. Што ти значи да имаш старо аро на голманска позиција. На минута до крај 39 годишниот Јасмин Хандановиќ се фрли како пантер и го спаси својот тим од елиминација.
Инѕаги помладиот беше далеку од тоа што беше Пипо или искрено беше дрво во напад. Денешниот датум ни извади еден ретро хајлајтс од пред точно 17 години од шампионскиот Лацио. Противник во ЛШ им е Марибор кој го ташлаат 4:0. Инѕаги успеа да се сопне сам од себе со топка на метро од гол и да влезе со неа внатре, а на 0:0 место да ја забие во мрежа, од 5-6 метри ја искрши пречката.
Некогашниот тренер на белградските екипи Рад и Партизан, Марко Николиќ доби отказ од Олимпија поради расистичкиот испад кон својот играч, Нигериецот Блесинг Елеке.
Спортскиот директор на Марибор, Златко Заховиќ со остри навреди го нападна македонскиот репрезентативец откако тој беше суспендиран од клубот. „Ти си пичка и гомно, а мајка ти е пијана“, му напишал поранешниот словенечки репрезентативец на Ибраими.
Најдобриот словенечки фудбалер во последните десет години, Миливоје Новаковиќ потпиша за Марибор и со тоа ги разгневи навивачите на Олимпија Љубљана кои не можат да се помират со фактот што детето на клубот оди „кај душманите“.
Најдобриот словенечки фудбалер во историјата важеше за човек што секогаш ќе го каже тоа што другите не сакаат да го слушнат. Во тоа се уверија Русите среде Москва.
Властите во Словенија одлучија да го одложат првенственото дерби меѓу Олимпија Љубљана и Марибор, затоа што речиси сите полицајци и редари се ангажирани во решавање на мигрантската криза.
Македонскиот репрезентативец го постигна можеби најубавиот гол во кариерата откако на мечот против Целје кој го доби Марибор со 3:1, распали од огромна далечина.
Фудбалерите често тврдат дека на подготовките нозете се тешки и дека во тој период речиси да нема многу простор за мајстории. Речиси, затоа што Константин Будеску од романската Астра даде олимписки гол против Марибор со надворешен фелш директно од корнер.
Челси со петарда во Гелзенкирхен го завери осминафиналето, а шанси за таму се уште има и Манчестер Сити благодарение на пресвртот на Агуеро кој блесна со хет трик против Германците. Три пати на Кипар стрелаше и новиот владетелот во ЛШ, Лионел Меси.
Манчестер Сити доби шлаканица пред своја публика од ЦСКА Москва, Азард промаши пенал за триумф, а Меси со два гола го реши Ајакс и го стигна Раул на вечната листа во ЛШ. Осминафинале обезбедија Баерн, ПСЖ, Барселона и Порто.
По дебаклот 1:7 пред 2 недели на Олимпико, Рома сега треба да се појави на реванш против Баерн во Минхен. Во Марибор, Ибраими ќе треба да се потруди да му го заборават промашениот пенал од Стемфорд бриџ.
Македонскиот репрезентативец вечерва ќе има прилика да ги покаже своите квалитети на „Велтенс Арената" во Гелзенкирхен, во натпревар од второто коло од ЛШ, во кое играат уште и Баерн Минхен, Челси, Порто, Атлетик Билбао и Ајакс.
Боатенг во последната минута му донесе три бода на Баерн во дербито против Манчестер Сити, Рома и Порто беа немилосрдни на домашен терен, а Шалке и Ајакс стигнаа до израмнување на дуелите со Челси и ПСЖ во втората ноќ од првото коло од ЛШ.
По вчерашното отворање, вечерва продолжуваат возбудувањата во натпреварите по групи од ЛШ, а нашиот репрезентативен напаѓач деби настапот во ова натпреварување ќе го има на домашен против Спортинг Лисабон. Мега дуел е пресметката во Минхен меѓу Баерн и Манчестер Сити.
Фудбалерите на Марибор го шокираа Селтик на гости со 1:0 и за втор пат во нивната историја се пласираа во групната фаза во Лигата на шампионите каде за прв ќе настапува нашиот репрезентативец. Во најелитното клупско европско друштво ќе играат и Порто, Зенит, АПОЕЛ и БАТЕ Борисов.