Борац Бања Лука прекинал натпревар зошто многу губел

Во турското летувалиште Анталија, кое има неверојатни услови за одржување подготовки, доаѓаат многу клубови. Таму во овој период од годината секојдневно се играат еден куп пријателски, а една меѓу словенечки Марибор и Борац од Бањалука не се доиграла.

Во местото Белек договориле пријателска Борац Бања Лука и Марибор.

Словенечкиот шампион повел со 4-0 после 20 минути игра, па тренерот на клубот од Бања Лука сакал да го прекине мечот зошто немало смисла што се случува на теренот. После кратко убедување, доиграле до полувреме.

„Бравме противник за нашите јуниори и играчи кои помалку играа. Ни ги понудија младинците на Марибор, а кога излеговме на терен, таму не пречекаа Таварес, Мешановиќ, Врсиќ и другите првотимци кои се намерачија да му даваат голови на нашиот 15-годишен голман“, рекол за SportSport.ba тренерот на Борац Бања Лука Дарко Војводиќ.

„Искрено сакав да го прекинам мечот веќе во 20’ минута. Дури и влегов во терен да прекинам, ама се одлучи да го доиграме полувремето“.

Марибор на терен пратил сосема друг тим од оној кој играл против Спартак Москва во генералната проба пред еден ден, но ни тоа не му било доволно на Борац.

Словенците на својот сајт тврдат дека онака како што се договориле со луѓето од Борац, на теренот извеле само двајца првотимци, а сите други биле млади фудбалери приклучени на првиот тим, како и резервисти.

Ова е втор циркус од фудбалерите на Борац кои пред неколку дена на пријателска против Ахмат од Чеченија се степале со противничките играчи.

8 февруари 2019 - 10:46