Русинот Андреј Мартјанов (25) којшто пред мечот во Марибор физички нападнал и повредил полицаец и учествувал во каменувањето на луѓето задолжени за безбедност, бил приведен и влакно го делело од долга затворска казна.
Андреј бил обвинет за напад на службено лице за што предвидената казна изнесува од шест месеци до пет години. Тој искористил еден метеж на улицата Госпосветски во Марибор да нападне полицаец но останатите службеници го препознале после дуелот на стадионот „Људски врт“ и го привеле.
Кога дознале дека целата работа оди натаму Русинот да биде осуден по брза постапка и да лежи затвор во туѓа земја, навивачите на Марибор предводени од лидерот на групата „Виоле“ Роман Крижњак решиле да помогнат.
Не само што собрале пари да ја платат неговата казна туку Крижњак со уште пар припадници на „Виоле“ со кои Русинот ден претходно се тепал по улици, го однеле со кола до Белград од каде фатил авион и безбедно се вратил дома меѓу своите.