МАНЧЕСТЕР СИТИ - РОМА (20:45)
Тимот на Чилеанецот Мануел Пелегрини ќе се обиде да се врати во игра по поразот од Баерн Минхен во последните минути од дуелот на „Алијанц Арена“ во првото коло, кога Боатенг стрелаше прецизно за баварците.
Од друга страна, Рома ја декласираше ЦСКА Москва на својот стадион, така што вечерва ќе има прилика да ја зацврсти позицијата на табелата и да му избега на Манчестер Сити. Овие два тима никогаш претходно не играле меѓусебен натпревар.
- Во натпреварите од ЛШ на домашен терен, Сити минатата година славеше два пати (5-2 против ЦСКА Москва и 4-2 против Викторија Плзен), а загуби против Баерн Минхен (1-3) и Барселона (0-2);
- Сити нема пораз во дуелите со италијанските екипи. На 4 средби, „граѓаните“ славеле на 2 и 2 пати играле нерешено;
- Рома славеше со 5-1 против ЦСКА на отворањето, а во минатото имаат 14 натпревари против англиски тимови и само еден триумф. Последен и единствен пат славеле на Островот во сезоната 2000/2001, против Ливерпул во УЕФА купот;
- Франческо Тоти не дал гол, ниту славел против англиска екипа на гостински терен во сите натпреварувања од УЕФА. Последен пат Тоти славел против Англија во 1998-ма кога со Италија славеа 2-1 на Вембли, во пријателски натпревар;
- Леандро Кастан, Давиде Астори и Хуан Итурбе нема да играат за Рома поради повреди. Кај Сити неизвесни се Серхио Агуеро, Стеван Јоветиќ и Пабло Забалета.
Можни состави:
Манчестер Сити - Харт, Коларов, Компани, Демикелис, Клиши, Туре, Фернандињо, Навас, Силва, Милнер, Агуеро;
Рома - Де Санктис, Мајкон, Јанга-Мбива, Манолас, Торосидис, Пјаниќ, Кеита, Наинголан, Флоренци, Тоти, Жервињо
ШАЛКЕ - МАРИБОР (20:45)
Германскиот и словенечкиот тим никогаш не играле меѓу себе под закрила на УЕФА. Шалке игра во одлична форма, така што по ремито со Челси во првото коло, викендов ја совлада и Борусија Дортмунд во дербито на Рурската област.
- Марибор му оддолеа на Спортинг Лисабон во првото коло, па така „виолетовите“ сè уште имаат шанси за третото место кое води во Лига Европа.
- Марибор игра во групната фаза од ЛШ за првпат после 15 години;
- Словенечкиот претставник никогаш не победил германска екипа во европските натпреварувања;
- Лука Заховиќ, синот на легендарниот Златко, постигнал 6 од 10 гола на Марибор во домашните натпреварувања;
- Шалке вечерва ќе игра без Фабијан Гифер, Сеад Колашинац, Фелипе Сантана, Џеферсон Фарфан и Леон Горецка, играчи кои подолго време отсуствуваат од теренот; Марибор е комплетен.
Можни состави:
Шалке - Фарман, Хигер, Матип, Нојштадер, Фухс, Боатенг, Аого, Клеменс, Мајер, Дракслер, Хунтелар;
Марибор - Хандановиќ, Стојановиќ, Рајчевиќ, Шулер, Вилер, Врсиќ, Мертељ, Филиповиќ, Бохар, Ибраими, Таварес
ПСЖ - БАРСЕЛОНА (20:45)
- Во репризата од 1/4 финалето од сезоната 2012/13, Парижаните ќе настапат ослабени поради неиграњето на нивниот најдобар играч Златан Ибрахимовиќ и Аргентинецот Лавеци, кои се повредени; Неизвесен е и Тијаго Силва;
- Каталонците славеа против ПСЖ во сезоната 1996/97 во финалето од УЕФА купот на победниците на куповите; Тогаш, сегашните тренери Луис Енрике и Лоран Блан играа за своите екипи;
- Во првото коло, ПСЖ ремизираше 1-1 против Ајакс во Амстердам, а Барселона славеше минимално 1-0 против АПОЕЛ Никозија;
- За „блауграна“ вечерва нема да настапат Рафиња, Даглас и Масип кои се повредени; Луис Енрике ќе се потпре на триото Меси, Нејмар и Педро кои играат заедно од почетокот на сезоната;
Можни состави:
ПСЖ - Сиригу, Ван дер Вил, Давид Луиз, Маркињос, Максвел, Верати, Мота, Матуиди, Пасторе, Кавани, Лукас Мура;
Барселона - Тер Штеген, Алвеш, Матје, Пике, Алба, Бускетц, Иниеста, Ракитиќ, Педро, Меси, Нејмар;
Лига на шампиони, 2 коло:
Група Е: ЦСКА Москва - Баерн Минхен (18:00), Манчестер Сити - Рома
Група Ф: АПОЕЛ - Ајакс, ПСЖ - Барселона
Група Г: Спортинг - Челси, Шалке - Марибор
Група Х: БАТЕ - Атлетик Билбао, Шахјтор - Порто