Нови граници на трансфер пазарот. Кога веќе не се доволни класичните договарање, свое место наоѓаат социјалните мрежи и тоа оние за работа, како што е ЛинкдИн, место на кое секој може да се прослави со богато си-ви и да исчекува некаква понуда.
Младиот тренер Лука Елзнер одлучил да ги одмине менаџерите и спортските директори и да му се довери на Интернетот за да најде коцка што му фали во мозаикот на НК Домжале, третопласирана екипа во словенечкото првенство.
„Барам десен бек со пасош од ЕУ за НК Домжале. Ми треба за еден многу офанзивен систем, 3-4-3“, пишува во огласот кој се појавил на профилот на тренерот Елзнер 7 јануари на ЛинкдИн.
Целта била да се пополни празното место по заминувањето на Нејц Скубиќ кој освежен после првиот настап за Словенија замина да игра во турскиот Коњаспор. Понудата за работа на Домжале не останала незабележана, се пријавиле многу кандидати.
„Примив околу 150 профили на играчи за три дена. Тоа беше најдобар начин да се одржи фид-бекот во брзо време пред почетокот на подготовките“, изјавил Елзнер за францускиот Л’Екип.
Изборот паднал на 30-годишниот Алваро Браки, кој играл 4 сезони во Унгарија во тимот на Видеотон за кој забележал 55 настапи и 2 гола а има играно и во Еспањол Б. 30-годишниот Шпанец потпишал 1,5 годишен договор и штом дошол во Словенија изјавил: „Веќе се чувствувам како дел од фамилијата на клубот“, со што докажал дека се менуваат начините за наоѓање работа во светот на фудбалот, но не се менува реториката на денот на претставувањњто.