Проклетството на пехарот во ЛШ е единствено во светот

Од 1993 година кога Купот на шампиони смени име и систем на натпреварување, ниту еден клуб не го освоил овој Куп два пати по ред и тоа е единствен случај во светот на спортот.

На Барселона ѝ остана уште еден, голем, вистински противник: сама против себе, за да стигне таму каде што никој не стигнал. За да се потврди во Лигата на шампионите како единствен клуб кој го одбранил освоениот трофеј претходната година.
 
Откако го смени актуелниот формат и назив, од Куп на Шампиони во Лига на шампиони, од 1992/93 турнирот никогаш не го освоила една иста екипа две години по ред. Последен пат тоа му тргна од рака на Милан со Ариго Саки во 1989. и 1990. Но тоа беше друго натпреварување со различен систем.
 
Ваков факт нема ниту во едно од 87 државни првенства и меѓународни клупски натпреварувања во 9 спортови (фудбал, кошарка, одбојка, рагби, хокеј на мраз, ватерполо, бејзбол, хокеј на трева, американски фудбал).
 
Исклучок сe Севиља која во меѓувреме ја освои Лигата на Европа две години по ред а тунискиот клуб ЦС Сфаксиен во 2007 и 2008 го освои африканскиот Куп на конфедерации. Сепак ова се втори натпреварувања по ранг.
 
До крајот на 2015-та година националната бејзбол лига на Јапонија НПБ беше втор турнир кој како и ЛШ не ја освои една екипа два пати по ред. Оваа лига е меѓу најгледаните на светот според бројот на гледачи (24 милиони гледачи во 2015). Сепак лани Фукока Хокс триумфираше исто како и во 2014-та и Лигата на шампионите остана сама.
 
Во 36 лиги (29 првенства и 7 купови) се случувало да има победник две или повеќе години по ред. Копа Либертадорес последен пат втор пат по ред ја освојуваше Бока Јуниорс во 2001. година. Во 9 европски шампионати од 17, првак била екипа која била и претходно. Другите шест пати ја освојувала екипа која три или повеќе години претходно била шампион.
 
Во Премиер лигата Манчестер Јунајтед освојуваше титула во 2008 и 2009, и во Република Чешка Славија Прага во 2008 и 2009.
 
Меѓу другите спортови, во хокеј на мраз и во бејзбол има доста повторувачки шампиони. Во швајцарското хокерско првенство (Лајонс Цирих во 2000 и 2001), во МЛБ Њујорк Јенкис во 2000-та и во НХЛ каде последен пат Детроит Ред Вингс ја освои два пати по ред титулата.
 
Во ТОП лигите секогаш победуваат едни исти екипи. Серија А, Премиер лига и Ла Лига имаат ист врв уште од времето. Од 1993-та година овие лиги ги освојувале 5 исти екипи, а само во последните 10 години 3 исти екипи. Нешто подобра е Бундеслигата со 6 екипи од 93-та и 3 во последните 10 години. Волфсбург стана шампион во 2009-та.
 
Помонотоно е во Грција каде Олимпијакос има 9 титули во последните 10 години (една само Панатинаикос), во Португалија (7 Порто, 3 Бенфика), во Шкотска (Селтик и Ренџерс), во Украина (Шахтјор и Динамо), во Швајцарија (7 Базел, 3 Цирих), во Србија (Ц. Звезда и Партизан).
 
Има три првенства со гротескна ситуација каде шампион била само една екипа во 10 или повеќе години: Италијанскиот ватерполо (Про Реко), шпанскиот ватерполо (Барселонета) и кошарка во Русија (ЦСКА Москва).