Претседателот на УЕФА, Мишел Платини требаше со шутот Паненка да ја отвори вечерашната церемонија на ждрепката, но со оглед на суспензијата ЦАС му забрани да присуствува на настанот поради тешките обвиненија за мито и корупција. Поради тоа, честа да ја изведе Паненка му припадна токму на нејзиниот изворен изумител, легендарниот Антонин Паненка кој со неверојатниот шут и донесе Европско првенство на Чехословачка во 1976. година.
Секоја од репрезентациите кои се пласираа на ЕП ќе добијат по 8 милиони евра, откако УЕФА реши да го зголеми наградниот фонд за шампионатот во Франција од 196 милиони на дури 301 милион евра. На Европското во Франција ќе настапат осум репрезентации повеќе од последното Европско во Полска и Украина.
На ЕП во Белгија и Холандија пред 15 години, наградниот фонд изнесуваше 109 милиони евра. Четири години подоцна, во Португалија каде Грците направија сензација наградниот фонд изнесуваше 150 милиони, а во Австрија и Швајцарија фондот беше 184 милиони евра. На последното ЕП во Украина и Полска фондот изнесуваше 196 милиони евра.
Првакот ќе добие уште осум милиони евра, а поразениот во финалето пет милиони евра.
Наградниот фонд за ЕП 2016:
Пласман за ЕП - 8 милиони евра
Победа во група - милион евра
Бод во група - 500.000 евра
Пласман во осминафинале - 1,5 милиони евра
Пласман во четвртфинале - 2,5 милиони евра
Пласман во полуфинале - 4 милиони евра
Влез во финале - 5 милиони евра
1. место - уште 3 милиони евра