И покрај сè, поразот на Кличко најверојатно ќе биде прогласен за боксерска сензација на годината, а можеби и воопшто спортска сензација на 2015-та. Суштината е да разбереме дека овој пораз можеби не значи ништо во историски контекст за поранешниот шампион Кличко. Зошто? Затоа што величини како него, Бразил, Тајсон и Карелин нема да бидат заборавени, но оние кои ги победуваа влегоа во историјата само поради една победа.
Како што се памети Антонио Тарвер кој против сите предвидувања го шокираше големиот Рој Џонс Џуниор во Лас Вегас во 2004. година во втората рунда.
Поразот на Кличко е класичен знак на стареењто на еден борец кој веќе стана предвидлив. Како што во години губеа Лери Холмс, Мухамед Али, Ерик Моралес, Дариуш Михалчевски и Рој Џонс Џуниор.
Се наметнува прашањето дали оваа победа говори за величината на Фјури? Се разбира дека не, колку и да делува моќен денес. Кој ги памети Тарвер, Хашим Рахман, Џермејн Тејлор или Бастер Даглас? Каде се тие сега? Сите исчезнаа, иако на момент блеснаа против големите боксери. Почетокот на новата ера во тешка категорија е главен резултат од мечот Кличко - Фјури. Овој чуден настан на германската сцена уште еднаш потврди дека времето е немилосрдно и незапирливо. Како и секогаш кога ќе се случи некое чудо, најинтересната работа допрва почнува.
Според една теорија, доаѓа до транзиција на состојбата од „Кличко и сите други" до „сите други" во која украинскиот Колос легнал како светски првак, а се разбудил како поразен кој чека прилика за реванш.
Целата борба и извештај од мечот тука.