Зошто албанскиот Скендербег се терети за местење?

Европската организација за спречување на криминалното обложување и местење натпревари се сомнева во регуларноста на мечот Скендербег - Локомотив Москва, одигран во ЛЕ на 10 декември.

Што се случило?
„По крајно сомнителните дуели во квалификациите за ЛШ, Крусејдерс - Скендербег на 23. јули, Скендербег - Динамо Загреб на 25. август и Спортинг - Скендербег на 22. октомври, уште една ексремно сомнителна епизода поврзана со албанскиот тим се случи во последната рунда од Лига Европа на мечот Скендербег - Локомотива Москва.
 
- Во 77’ минута, при резултат 0-1, коефицентот за повеќе од 2,5 голови (краен исход со 3 или повеќе голови) бил неверојатно низок со 1.75 на само неколку минути до крајот;
 
- Во 87’ минута, при резултат 0-1, за повеќе од 1,5 голови (краен исход со 2 или повеќе голови) коефицентот бил 1.60, уште една невообичаено ниска квота на само 3 минути до крајот.“, стои во сооштението на ФедерБет потпишано од генералниот секретар Франческо Баранка.
 
„Броевите не лажат и јасно покажуваат дека се ставани многу пари на конечниот резултат. Се надеаме дека после последниов случај со манипулации на спортските резултати, претставниците на УЕФА ќе преземат неопходни мерки да ја заштитат законитоста на натпреварувањата во нејзини рамки“, додава Франческо Баранка.

Што е ФедерБет?
Федербет е некомерцијална организација, основана во 2010. година од сопственици на казина и обложувалници која што се занимава со искоренување на манипулациите во спортот. Нивни соработници се неколку големи обложувалници како Money Bet, Fonbet, неколку клубови, како и здружението на шпанската фудбалска лига (ЛФП).
Кои сè игри потпаѓаат под радарот на ФедерБет?
„ФедерБет го истражува фудбалот на сите нивоа - од кадетското првенство на Украина, до мечот од Серија А Наполи - Лацио 2-4 (наводно Наполитанците им помогнале на Римјаните да влезат во баражот за ЛШ). „Секој ден ширум светот постојат обиди за местење натпревари, а вирусот се шири сè повеќе и повеќе. Овој проблем се решава на едноставен начин, но никој не сака да се занимава со тоа. Федерациите и УЕФА не нè слушаат“, се жали Франческо Баранка.

Што не е во ред со коефицентите на мечот Скендербег - Локомотива Москва?

„SBOBET, најголемата азиска кладилница во времето пред вториот гол на мечот во 87' минута даваше коефиценти од 1.50 до 1.68 за нов гол. Пред третиот гол на една минута пред крајот на основното време Bet365 не примаше уплати за уште еден гол.“

А какви требале да бидат коефицентите?
„Локомотива пред мечот беше фаворит со коефицент 1.36. Во слично сценарио се одигра и мечот од ЛШ меѓу Малме и Реал Мадрид. Швеѓаните дури беа и поголеми аутсајдери, така што за победа на Реал коефицентот падна на 1.24. 10 минути пред крајот на основното време при резултат 0:1, Малме остана со играч помалку. Како резултат на тоа во 80. минута веројатноста за нов гол се зголеми на 50% (коефицент 2,02). Од друга страна, на 3 минути пред крајот на мечот, Локомотива која немала многу шанси за гол, коефицентот за нов гол бил 1,60-1,70.“, продолжува Баранка.

Букмејкерите сами се криви за коефицентите што ги дале.

„Букмејкерите не се Дедо Мразовци и не ги ризикуваат парите непромислено. Нормалната стопа на вкупно голови на три минути пред крајот на мечот за помалку од 1,5 гол морала да биде во распон од 1.25 до 1.40, а не 2.30. Во недостаток на информации (во случајов огромен трансфер на пари), кладилниците нудат такви поклони. Екипите играли во стандардни состави, освен голманот на Албанците кој бил повреден, како и можноста на Локомотива за пласман понатаму ако има подобра гол разлика„.

Зошто Скендербег се сомничи дека мести натпревари во Европа, а не во домашното првенство?

Големите обложувалници овозможуваат кладење дури и на седмата Англиска лига, така што албанското првенство не е меѓу приоритетните. На пример, ниту еден познат орган не прифати да пушти опклада на последниот меч на Скендербег во лигата.
Головите од спорната средба: