Фајзер, кај ќе ти оди душата

Кога пишувавме за контроверзното портфолио на Фајзер (пред пандемијата ја имаа платено најголемата отштета во историјата на здравството - 2,3 милијарди само за еден случај), ќе се најдеа апостоли кои врескаа дека со тоа ја поткопуваме вербата во науката. Професорот од Оксфорд, Карл Хенеган, ги извлече главните точки од тужбата на јавниот обвинител на Канзас против Фајзер и нивната содржина е прилично морничава.

1. Фајзер ги користел своите договори за доверливост со американската влада за да прикријат, потиснат и изостават материјалните факти поврзани со вакцината за ковид, вклучително и за нејзината безбедност и ефикасност.

2. Фајзер одложувал финиширање на битна долгорочна студија за да скрие критични податоци - од јануари 2023 до февруари 2024 година таа се одложувала само затоа што 1 (еден) од 44.000 учесници се вакцинирал подоцна.

3. Федералната агенција храна и лекови не ги стави веднаш на располагање податоците за безбедноста и ефективноста за вакцината тврдејќи дека за тоа ќе бидат потребни децении, но федерален суд ги принуди да објавуваат 55.000 страници месечно наместо 500 како што планираа.

4. Фајзер ја уништи контролната група за вакцини откако ФДА го одобри овластувањето за итна употреба во декември 2020 година.

5. Во своето соопштение за печатот во кое објави дека има овластувањето за итна употреба, Фајзер не откри дека ги исклучил имунокомпромитираните лица од своите испитувања.

6. Фајзер знаел дека нивната вакцина е поврзана со сериозни несакани појави, вклучувајќи миокардитис и перикардитис.

7. До март 2021 година, американската војска и израелското министерство за здравство сигнализирале загриженост за миокардитис.

8. Во август 2021 година, дури откако доби одобрение за употреба на вакцината на деца на возраст од 12-15 години, Фајзер решил да провери „колку често“ вакцината може да предизвика миокардитис или перикардитис кај децата.

 9. Фајзер имал податоци за загриженост и за мозочни удари. Студија на ФДА покажа дека кај возрасните старосни групи е забележано 20% зголемување на ризикот од исхемичен мозочен удар.

10. Знаеле и за смртни случаи. Во февруари 2021 година, базата на податоци за несакани ефекти на Фајзер имала 1.223 смртни случаи по примање на вакцината.

11. Фајзер го тестирал бустерот  само на 12 учесници на возраст од 65 до 85 години и на ниеден постар од тоа.

12. Фајзер не ги објави податоците за несаканите појави од својата база на податоци а до 28 февруари 2021 година, во неа имало 158.893 несакани нуспојави дејства од 42.086 извештаи. Добивале толку многу извештаи за несакани реакции што морале да вработат дополнителни 600 лица со полно работно време и дополнително да ангажираат уште  1.800. Извештаите биле толку зачестени штои некогаш биле потребни цели 90 дена за да се констатира дека некоја нуспојава не е сериозна.

13. Фајзер објави студија за бремени жени, но го испушти фактот дека повеќе од една од десет жени кои примиле вакцина против ковид за време на нивната бременост пријавиле спонтан абортус, често само неколку дена по вакцинирањето. Шест од 52 жени пријавиле предвремено породување; неколку бебиња починале.

14. Во соопштението за јавноста од 18 февруари 2021 година, не беа обелоденети други негативни ефекти врз репродуктивните системи на жените кои се вакцинирале. До април 2022 година, Фајзер знаел  за десетици илјади несакани настани, вклучувајќи обилно менструално крварење (27.685), менструални нарушувања (22.145), неправилни циклуси (15.083), одложени циклуси (13.989), отсуство на менструации (11.363) и други ефекти.

15. Студијата на Фајзер на трудници не успеа, но, ја уништија плацебо контролната група а резултатите беа чувани во тајност.

16. Фајзер погрешно ги претстави и сокри материјалните факти кои се однесуваат на времетраењето на заштитата од вакцината.

17. Фајзер порача дека нејзината вакцина ќе го спречи преносот иако знаеше дека никогаш не го проучувале ефектот на нивната вакцина врз трансмисијата.

18. И покрај признанијата на претседателот и извршен директор на Фајзер, Др. Бурла и членот на одборот Др. Скот Готлиб дека Фајзер не знаел дали нивната вакцина спречува пренос, во повеќе наврати имаат предупредувано дека непримањето вакцина ќе влијае на животите на оние околу нив, со што имплицираа дека вакцината го спречува преносот.

19. Фајзер работеше на цензурирање на говорот на социјалните мрежи што ги оспоруваа нивните позиции и тврдења. Готлиб порачуваше дека компаниите за социјални медиуми имаат „обврска“ и „афирмативна одговорност“ да спречат ширење на дезинформации за вакцината нивните платформи. Бурла зборуваше за „криминалци“ кои „буквално чинеа милиони животи“.

20. Работеа на прикривање и потиснување на материјалните факти. На 24 август 2021 година, Готлиб контактирал со Твитер за да се пожали на колумната напишана од доктор Алекс Беренсон во која се критикува Ентони Фаучи. Три дена подоцна организирал конференциски повик со вработени во Твитер за да се дискутира за Беренсон. Твитер го забрани Беренсон следниот ден.

* извор

*************

Види и:

Гревовите на Фајзер

Фајзер како злосторничко здружување

Најголемиот криминал против човештвото во историјата

Видете овде како кај нас ноншалантно се третираше транспарентноста.

29 јуни 2024 - 12:07