Володимир Спличенко изјави дека навивачите со црна раса е најдобро да бидат во посебен сектор на трибините со што така би се спречиле проблемите околу расизмот.
Според пишувањата на Вашингтон Пост, идејата му ја дал новинар, а директорот на стадионот на Динамо му одговорил дека е добра и дека ќе се обидат да ја применат.
На мечот од Лигата на шампиони меѓу Динамо Киев и Челси кој се одигра пред една недела, домашните навивачи нападнаа четворица црнци по што УЕФА отвори дисциплинска постапка против домаќините за која в четврток се очекува да донесе конечна одлука околу казната.
Потпретседателот на Фудбалската федерација на Украина демантираше дека на стадионот во Киев имало расистички испади, но ова не им е прв пат. Дел од стадионот Олимписки лани беше затворен за публика на меч од ЛЕ, токму поради нереди од таков вид.
За иронијата да биде уште поголема, фудбалерите на Динамо Киев и Челси пред мечот се фотографираа заедно за борба проти расизамот.
Видеото од тепачката за која постојат сомневања дека била организирана го имате тука.