Расизам на Динамо Киев - Челси

Украинскиот Динамо Киев се соочува со драконска казна од УЕФА, откако се објави видео на кое се гледа како домашните навивачи најпрвин навредуваат па потоа тепаат црни навивачи на Челси на трибините.

УЕФА отвори дисциплинска постапка против Динамо Киев по нередите на стадионот Олимписки во Киев каде гостуваше Челси.
 
Камерата на луѓето од анти-дискриминаторското тело при УЕФА сними како домашните навивачи физички напаѓаат четворица црни навивачи.
 
Динамо Киев во март годинава беше казнет со 15.000 евра поради лоша организација, слаба безбедност и употреба на пиротехника на трибините. Од таа причина, УЕФА затвори една трибина за мечот против Фиорентина во четврт-финалето од Лига Европа лани. Од Динамо возвраќаат дека немало инцидент со гостински навивачи и дека тепачката била меѓу фановите на домашниот клуб. Мечот заврши 0-0.

Навивачи на Челси пред мечот биле нападнати во Шато барот во Киев

22 октомври 2015 - 14:24