„За половина час ќе дојде Мирчеа Луческу. Шахтјор е спремен да даде 7 ипол милиони долари за тебе. Ние се согласивме, немој да нè разочараш“. Романецот така ги претркал Тотенхем и Вердер Бремен.
Во соблекувалната на Рударите, Ерменецот бил како риба во вода, затоа што не го заборавил португалскиот јазик што било многу корисно затоа што клубот е како полигон за Бразилци. Во прв момент, Луиз Адриано, Вилијан, Фернандињо, Даглас Коста и другите сонародници од Бразил правеле шеги, не забележувајќи го момчето во ќошот кое доаѓа од за нив непознатата Ерменија.
По заминувањето на Жадсон во својата татковина, Луческу конечно му дал простор на талентот кој долго време чекал на својата шанса. „Ова се твои минути, истрчај и покажи најдобро сè што знаеш".
Михтарјан заиграл зад напаѓачите, близу до противничкиот гол и почнал да дава голови повеќе од сите Бразилци. Во еден момент, Ерменецот стана диригент на сите напади на Шахтјор. Славата не го пореметила Хенрих кој останал приземјен и живеел во клупската база, за разлика од Бразилците кои ги возеле најскапите автомобили во градот. Сето тоа Михтарјан го наплати во Германија, земјата која на светот му даде толку многу автомобили.
Во првата сезона, Михтарјан стигна до 1/4 финалето на ЛШ, каде по триумфот од 2:0 против Реал, загубија 3:0 во реваншот во Мадрид. Ерменецот уште долго ќе ја памети преччката што го спаси Касиљас на Бернабеу.
Сезонава Михтарјан е дел од фантастичното трио со Марко Ројс и Обамејанг, играчи кои имаат подобар учинок и од ѕвездите на Реал и Барселона. И покрај тоа што го достигна врвот со Дортмунд, ерменскиот фудбалер цврсто стои на земја, особина за која вели дека му ја пренела баба му. Последен заинтересиран за него беше Јувентус, каде го чека другар му Ернанес, но Ерменецот решил уште некое време да игра за Дортмунд.